2 мај, 2024
ПочетнаКАРИЕРАХроничниот стрес ја убива продуктивноста

Хроничниот стрес ја убива продуктивноста

stres1

Повеќе од половина од вработените се наоѓаат постојано во многу стресна ситуација, покажува новото истражување.

Најновото истражување покажува дека поголем дел од вработените во САД се под голем стрес, и дека за една четвртина од вработените главен приоритет е само да се појават на работа. Еве што друго открива истражувањето:

Повеќе од 60 проценти од вработените пријавиле висок стрес на работното место, а 32 проценти пријавиле постојан но не толку висок стрес. Ниско ниво на стрес? Само 5 проценти од испитаниците ја имале таа среќа да не го почувствуваат стресот.

Навистина интересен е фактот дека речиси 22 проценти од испитаниците го посочиле „присуството“ на работа како најголема грижа и како најголемата задача која треба да ја извршат на работа.

Зошто луѓето толку често се под стрес? Речиси 40 проценти од нив се изјасниле дека тоа е така поради обемот на работата кој константно расте.

„Додека работодавачите во моментов вработуваат помалку луѓе, постојниот кадар почнува да покажува знаци на пролонгиран стрес“, предупредува генералниот директор на „ComPsych“ и додава дека „Хроничниот стрес може серионо да ви наштети, тој може да ве „изгори“ и потоа да бидете непродуктивни“.

Инаку, тим од научници од Квебек пред неколку години докажаа дека хроничниот стрес може да доведе до висок крвен притисок, кој е главниот фактор за ризикот од многу сериозни болести, вклучувајќи мозочен и срцев удар.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП