2 мај, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕСлатки и ароматични праски го подобруваат здравјето?

Слатки и ароматични праски го подобруваат здравјето?

Верувале или не, праските се одгледуваат преку 8000 години и се смета дека потекнуваат од Кина. 

Поволно делуваат на гастроинтестиналниот тракт, исто така можат да помогнат и кај раздразливост на дебелото црево и Кронова болест. Благодарение на хранливите материи што ги содржат, праските исто така придонесуваат за здравјето на кожата со подобрување на хидратацијата и текстурата на кожата.

Богати се со витамин А, Ц и Е, како и антиоксиданти како хлорогена киселина, кверцетин и катехин. Овие хранливи материи придонесуваат за посилен имунитет и поволно делуваат на кардиоваскуларниот систем. Праските содржат и калиум – една праска со средна големина содржи дури 285 мг од овој минерал кој е важен за спречување на хипертензија и срцеви заболувања, додека истовремено спречува задржување на вода во организмот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП