25 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОВерстапен славеше на Големата награда на Германија

Верстапен славеше на Големата награда на Германија

Макс Верстапен од тимот на „Ред бул“ е освојувач на годинашната Голема награда на Германија.

Холанѓанецот извози 64 круга на патеката Хокенхајмринг со време час 44 минути 31 секунда и 275 стотинкиВторото место му припанда на Германецот Себастијан Ветел од Ферари, кој направи голем пресврт, односно до второто место стигна откако стартуваше последен. Третото место му припадна на Русинот Квјат Даниил од „Торо Росо“.

Луис Хамилтон остана без бодови на оваа трка, која ја заврши на 11. место, но сепак останува на чело на Генералниот пласман со 39 бодови повеќе од второпласираниот Ботас.

Верстапен со денешниот триумф ја ублажи меѓусебната бодовна разлика со лидерот на табелата Хамилтон на 72 бода.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП