Министерството за финансии соопшти дека денеска исплати 254.430.205 денари за субвенции за повеќе земјоделски гранки.
Исплатени се 85 милиони денари за одржување на постоечки лозови насади, 2,9 милиони денари за нови лозови насади, како и 84 милиони денари за тутун за реколтата 2011.
За одржување на овошни насади исплатени се 15 милиони денари, како и 9,8 милиони денари за нови овошни насади, додека за поддршка на градинарството 13,5 милиони денари.
Исто така, исплатени се субвенции за одгледување на ориз, сончоглед, пченка и фуражни култури, за кравјо млеко, обележани грла говеда и пчели.
Со исплата на субвенциите Владата на Република Македонија и Министерството за финансии остануваат посветени на подигнување на овој, за македонската економија, клучен сектор, се наведува во соопштението.