28 март, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕПрироден лек за смирување: Внесете го целерот во исхраната и ослободете се...

Природен лек за смирување: Внесете го целерот во исхраната и ослободете се од нервози

Уште на времето Хипократ го препорачувал на неговите пациенти ова растение како еден вид на лек за смирување.

Тајната на целерот се крие во изобилството на магнезиум, калиум и калциум, кои заедно влијаат на ублажување на напнатоста.

Освен моќната тројка, целерот е нискокалорична билка која содржи висок процент на течности, па многумина ја сметаат за идеален сојузник во борбата против вишокот килограми.

Дршката од целерот содржи дури 83 проценти вода и здрава количина на влакна, па го намалува чувството на ситост.

Комбинацијата на калиум и натриум, кој се наоѓа во целерот, помага во регулација на телесните течности и го стимулира производството на урина, а при тоа и ги отстранува токсините од телото, со што оваа билка ја прави идеален деуретик.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП