Widgetized Section

Go to Admin » Appearance » Widgets » and move Gabfire Widget: Social into that MastheadOverlay zone

ALK 9,953.32 -0.36%    BESK 7,864.14 -3.73%    ERMT 197.00 0%    GRNT 898.32 0.37%    KMB 5,432.66 0.4%    MPT 63,052.61 0.54%    OKTA 4,750.00 0.42%    RZIT 20.00 0%    RZUG 12.00 0%    SBT 2,592.06 9.02%    STB 1,196.43 0.83%    STBP 790.00 -16.75%    STIL 103.00 0%    TETE 2,424.27 4.72%    TNB 16,388.19 -2.45%    TTK 1,455.99 -2.93%    UNI 2,250.00 0%    ZPKO 1,851.00 2.83%    

Македонскиот фудбал добива шанса за регионална промоција!

Време: 13:31

Датум: јули 17, 2019

Категорија: НАЈНОВИ ВЕСТИ

Натпреварите од 1 МФЛ прв пат во историјата на македонскиот фудбал ќе се емитуваат на регионалниот спортски канал Арена. Тоа значи дека гледачи од  целиот адриатик регион, или потенцијална публика од над 10 милиони ќе имаат можност да гледаат натпревари од нашата лига.

Тоа македонските клубови ги прави многу поатрактивни за спонзорите,  кои сега преку спонзорство на клуб од 1 МФЛ имаат можност и за регионална промоција.

Овој договор кој го постигна Фудбалската федерација на Македонија заедно со претставниците на клубовите од нашата Прва лига, треба да биде силен стимуланс за развој на македонскиот фудбал. Клубовите полесно ќе можат да дојдат до спонзори, фудбалерите ќе бидат под будното око на останатите клубови или менаџери од регионот, судиите, делегатите сите на некој начин ќе имаат позитивен притисок или самоконтрола, знаејќи дека натпреварите регионално се следат. Со ова нашата 1 МФЛ се отвора за регионот, и добива шанса за развој каква што досега немало. Мораме да признаеме дека фудбалот без сериозна финансиска поддршка не може да се развива, ниту пак македонските клубови да бидат конкурентни на европско ниво, смета Претседателот на Фудбалската федерација на Македонија, Муамед Сејдини

Во проектот за телевизиските права од 1 МФЛ ќе биде вклучен и нашиот Национален сервис (МТВ). Двата натпревари од секое коло (сабота и недела) ќе се емитуваат и на МТВ која телевизиски ја покрива територијата на нашата држава со директни преноси и коментар на македонски јазик.

Овој договор е дел од развојната стратегија на Фудбалската федерација на Македонија, во која развојот на Македонската фудбалска лига, поттикнување развој на младите категории, и поголема транспарентност и создавање фер услови за натпреварување  претставуваат носечките столбови.

Македонскиот фудбал се враќа на телевизија низ директни преноси, надевајќи се дека со ова овој наш најстар и најпопуларен спорт уште повеќе ќе се популаририза меѓу младите, и ќе го добие заслуженото внимание од целата јавност.

КОМЕНТАРИ

НАЈНОВО ОД КАТЕГОРИЈАТА

  • Смути од ананас кој топи килограми! Здраво, вкусно и хранливо

    Смути од ананас кој топи килограми! Здраво, вкусно и хранливо

    Оваа комбинација е одлична ако се обидувате да изгубите неколку килограми или ако сакате на здрав начин да го започнете денот. Овој пијалок има многу…

  • Huawei лансираше чип базиран на вештачка интелегенција

    Huawei лансираше чип базиран на вештачка интелегенција

    Кинескиот технолошки гигант Huawei лансираше нов чип базиран на вештачка интелигенција, кој се фати во клинч со американските гиганти Qualcomm и Nvidia. Чипот наречен Ascend…

  • Америка не се откажува, сака да отвори конзулат на Гренланд

    Америка не се откажува, сака да отвори конзулат на Гренланд

    Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп планира да отвори американски конзулат на Гренланд, во услови на растечки стратешки и економски интерес на данската територија. Во…

  • Само 10 богаташи можат да си го дозволат овој луксуз

    Само 10 богаташи можат да си го дозволат овој луксуз

    Bugatti го претстави најскапиот модел во својата понуда наречен Centodieci, чија цена изнесува вртоглави девет милиони долари, а тоа што е уште поексклузивно е фактот…

  • Почна 33-тиот Охридски пливачки маратон

    Почна 33-тиот Охридски пливачки маратон

    Дваесет и еден од 22 пријавени пливачи точно на пладне влегоа во водите на Охридското Езеро кај Свети Наум, на стартот на 33-тиот меѓународен Охридски…

  • Берба и откуп на споредни шумски плодови – макотрпна, но исплатлива сезонска работа

    Берба и откуп на споредни шумски плодови – макотрпна, но исплатлива сезонска работа

    Сезоната на зреење боровинки, малини, капини, како и останати споредни шумски плодови е во полн ек, а голем број граѓани со години летото го минуваат…

  • Топол третман со масло за длабоко закрепнување на коса

    Топол третман со масло за длабоко закрепнување на коса

    Ако барате решение за проблем со сува и оштетена коса, можете да пробате домашен третман со топло масло. Доволна ви е една состојка – растително…

  • Солскјер: Жалам за оние што шират омраза преку социјалните мрежи

    Солскјер: Жалам за оние што шират омраза преку социјалните мрежи

    Тренерот на Манчестер јунајтед, Оле Гунар Солскјер зборуваше за расистички навреди упатени кон играчот од средниот ред Пол Погба. – Пол има силен карактер. И…

  • Претпладне сончево, попладне можен пороен дожд

    Претпладне сончево, попладне можен пороен дожд

    Времето претпладне ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Во попладневните часови облачноста ќе се зголемува, особено во западните и северните…

  • Среде туристичка сезона: Авиокомпанија откажа 112 летови

    Среде туристичка сезона: Авиокомпанија откажа 112 летови

    Шпанската авиокомпанија Vueling откажа 112 летови најавени за претстојниот викенд на аеродромот El Prat во Барселона поради штрајк на копнениот персонал. За сабота, 24 август, компанија откажа…