27 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЦентарот за развој на Југозападниот плански регион најави имплементација на 7 проекти...

Центарот за развој на Југозападниот плански регион најави имплементација на 7 проекти до крај на годината

maqedonisht-jpg(re)

Центарот за развој на Југозападниот плански регион до крајот на годинава ќе имплементира седум регионални проекти за што се издвоени околуседум милиони денари од Буџетот на Република Македонија за развој на планските региони.
Како што информира Центарот, во рамки на договорот потпишан со Бирото за регионален развој предвидено е да се изработат три студии.

Предвидени се студии за примена на алтернативните извори на енергија, за туристичките потенцијали на регионот и за третирање на отпадните води што влегуваат во реката Црн Дрим од Струга до Дебар.

Ќе се изврши мапирање на значајните природни и културни локалитети со поставување на соодветна патна
сигнализација, а ќе биде изработена и мапа на значајните знаменитости во Југозападниот плански регион.
За потребите на комуналните претпријатија, Центарот за развој соопшти дека ќе се набават балирки и преси со цел поефикасно решавање на проблемите со отпадот од пластика.

Со еден од проектите е предвидено да се изврши брендирање на типичните млечни производи што се произведуваат во дебарскиот микро-регион.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП