11 мај, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕВо текот на летните ноќи не можете да заспиете? Мирисот на оваа...

Во текот на летните ноќи не можете да заспиете? Мирисот на оваа билка ќе ви помогне

Ако сте под стрес и навечер имате потешкотии да заспиете, мирисот на лаванда може да ви помогне да се опуштите.

Лавандата е позната по смирувачките својства – нејзиниот мирис помага да се релаксирате и дејствува анксиолитично. Маслото од лаванда содржи линалол и линалал ацетат кои директно влијаат на централниот нервен систем и го смируваат. Поради тоа, вдишувањето на мирисот на лаванда ќе помогне да се релаксираат мускулите и нервите и на крајот, ќе ви помогне побрзо да заспиете.

Како е најдобро да се користи лавандата ако сакате навечер да се опуштите и побрзо да заспиете?

Ако имате длабока бања, можете да си дозволите топла купка во која ќе додадете 10 капки есенцијално масло од лаванда.

Другата опција е околу половина час пред спиење во еден сад да истурите врела вода (околу 500 ml) и во неа да додадете 2 до 3 капки есенцијално масло од лаванда. На овој начин, ќе го освежите воздухот во просторијата, а ароматичните испарувања ќе ви помогнат да се релаксирате.

Конечно, може две или три капки масло од лаванда да нанесете на долната страна на перницата, т.е. навлаката на перницата (немојте да нанесувајте на делот на навлаката која доаѓа во контакт со вашето лице и капаци/очи).

Уште една добра вест е дека мирисот на лаванда ги брка комарците, така да, ни зуењето ниту убодите на овие инсекти не би требало да ве спречи мирно да заспиете.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП