7 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗJM Brabazon новиот суперавтомобил на Minerva

JM Brabazon новиот суперавтомобил на Minerva

minerva 1

„Minerva“ можеби и не е најпопуларната автомобилска марка, но по се изгледа дека планира тоа да го промени со нивниот нов суперавтомобил, „JM Brabazon“.

Именуван по британски тркачки пилот, JM Brabazon, автомобилот има каросерија од јаглеродни влакна и кевлар и монокок шасија од јаглеродни влакна. Стилот на автомобилот е релативно генерички, можеме да забележиме многу интересна предна маска на која има предни „LED светла“.

 

Тука се и прилично стабилните бандажи од 19-инчи напред и 20-инчи назад. Освен тоа гледаме дека на задниот браник има отвори за воздух, како и двојни издувни цевки и спортскиот дифузор.

minerva 111

За погонот на белгискиот спортски автомобил е задолжен битурбо V12 мотор. Тој е комбиниран со два електрични мотори кои ги придвижуваат предните тркала. Засега нема многу информации за возилото, но од „Minerva“ тврдат дека суперавтомобилот ќе поседува секвенцијален менувач, диференцијал со ограничено лизгање, систем за сопирање со регенерација на енергијата, како и голем број други работи. Ако се оди според планот, „JM Brabazon“ би требало да развива над 400 км / ч.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП