Мисијата на ОБСЕ во Скопје во соработка со Државната комисија за спречување на корупција (ДКСК) денеска организира јавна дебата по повод презентирањето на резултатите од истражувањето за перцепцијата на граѓаните за корупцијата во приватниот сектор.
Настанот ќе биде можност сите инволвирани страни, граѓанскиот сектор, владините институции, медиумите, да ги споделат своите размислувања за ова истражување, но и можност за презентирање на заклучоците и препораките за анти-корупциските мерки во приватниот сектор.
На настанот ќе се обратат шефот на Одделот за човекова димензија Маркус Ролофс и претседателот на ДКСК Ѓорѓи Сламков