4 мај, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕЗа добар вид јадете повеќе од ова сезонско овошје

За добар вид јадете повеќе од ова сезонско овошје

Кајсиите се исклучително богати со хранливи материи кои корисно делуваат на дигестивниот тракт, кардиоваскуларниот систем и ги одржуваат очите и кожата здрава, додека во исто време се сиромашни со калории.

Во 100 грама кајсии има 48 калории и 2 грама влакна. Оваа количина задоволува 39 проценти од дневните потреби за витаминот А и 17 проценти за витаминот C. Кајсиите содржат и мала количини на Б-комплекс, кои се неопходни за непречено функционирање на нервниот систем, а што се однесува за минерали, најбогати се со калиум (260 mg во 100 грама), што е од клучно значење за кардиоваскуларниот систем.

Претставуваат одличен извор на бета-каротен, лутеин и зеаксантин, кои покажуваат силни антиоксидантни својства. Овие антиоксиданси придонесуваат за здравјето на очите и да се намали ризикот од катаракта, макуларна дегенерација и заболувања на ретината поради дијабетес.

Кајсиите содржат и катехини, флавоноиди, кои исто така се наоѓаат во праските, јагодите, јачменот, какаото, црниот и зелениот чај. Истражувањата покажале дека овие фитокомпоненти имаат значителни анти-воспалителни ефекти и дека би можеле да помогнат кај симптомите на ревматоидниот артритис.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП