28 март, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕХрана која ве прави среќни

Храна која ве прави среќни

Кога е потребен поттик, овие девет намирници го подобруваат расположението во истиот момент…

Според новата студија, некои намирници имаат речиси ист ефект врз вас како антидепресиви.

Нутриционистите се сигурни дека токму овие девет намирници може да ви помогнат да се чувствувате фантастично!

Значи, добро расположение благодарение на храна? Ни се допаѓа идејата!

Црно чоколадо

Покрај тоа што е многу вкусно, црното чоколадо има и високо ниво на магнезиум – минерал кој ги смирува мускулите и ја намалува напнатоста.

Покрај тоа, исто така содржи триптофан кој помага во намалување на симптомите на депресија.

Лосос

Лососот и оревите се намирници со омега-3 незаситени масни киселини кои меѓу другото помагаат во борбата против депресија и промени во расположението.

Исто така, ја подобруваат меморијата и концентрацијата.

Спанаќ

Овие зелени листови содржат фолна киселина која го подобрува расположението.

Тој е антиоксидант кој работи на заштита на мозочните клетки од слободните радикали кои доведуваат до загуба на енергија и намалување на расположението.

Пилешко

Овој вид месо содржи Б12, витамин кој го смирува вашето тело.

Недоволна количина на витамин Б12 може да ве направи нерасположени и уморни.

Тофу

Иако самото тофу и не е толку највкусно, во супи или со помфрит може да биде многу вкусно.

Неговите состојки помагаат да се елиминира тензијата, да се релаксираат мускулите и помага да се смирите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП