24 април, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕЗаборавете на Алцхајмер: На сите им е достапен овој лек за оваа...

Заборавете на Алцхајмер: На сите им е достапен овој лек за оваа опасна болест

Научниците од Стенфорд Универзитетот веруваат дека пронашле решение за оваа, до сега неизлечива болест. Лекот е едноставно подигнување на имунолошкиот систем.

Истражувачите откриле дека нервните клетки умираат бидејќи другите клетки, наречени микроглија, одговорни за чистење на мозокот од вируси и бактерии, не ја завршиле нивната работа.

Тие клетки добро работат во младоста, но како годините поминуваат, протеинот EP2 ги спречува правилно да ја извршуваат нивната работа како што треба.

Научниците покажале дека блокирањето на овој протеин им овозможува на клетките чистачи повторно непречено да ја вршат нивната работа и да ги отстранат лепливите плочки кои ги оштетуваат нервните клетки кај заболените од Алцхајмер.

Тие успеале на глувци заболени од оваа болест да ја вратат меморијата со блокирање на протеинот ЕП2.

Што е уште поинтересно е дека за време на експериментот, научниците успеале со генетски инженеринг да направат глувци кој воопшто го немале споменатиот протеин и тие глувци не можеле да развијат било каква форма на деменција.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП