Widgetized Section

Go to Admin » Appearance » Widgets » and move Gabfire Widget: Social into that MastheadOverlay zone

ALK 8,778.34 0.9%    FERS 77,100.00 0.13%    KMB 5,203.86 0.07%    MPT 62,171.24 0.99%    OKTA 4,660.00 -2.92%    SKP 54,000.00 -17.8%    STB 1,012.59 0.06%    STIL 106.00 0%    

Композиторката на музиката од „Гладијатор“ доаѓа во МКЦ

Време: 12:42

Датум: јуни 10, 2019

Категорија: КУЛТУРА

Фантастичната вокалистка и музичар Лиса Герард, наградена со Златен глобус за музиката во филмот Гладијатор и нејзиниот последен проект на кој сорабутува со уникатниот женскиот хор од соседна Бугарија The Mystery Of The Bulgarian Voices, доаѓаат во Скопје. Концертот на „Lisa Gerrard & The Mystery Of The Bulgarian Voices“ е во организација на Младинскиот Културен Центар, а ќе се одржи во Македонската Филхармонија, на 8 октомври. Билетите се веќе во продажба преку продажната мрежа на МКЦ.

По потекло од Ирски емигранти, Лиса е родена и живее во Австралија, каде што и ја започнува својата кариера пред речиси 40 години. Прилично експерименталната пост панк музичка сцена на крајот на 70-те во Мелбурн, ја спојува со Brendan Perry, со кој во 1981 го создаваат уникатниот проект Dead Can Dance, кој опстојува и денес со неколку креативни прекини.

Dead Can Dance се неприкосновен и по многу нешта автентичен музички состав, кој обединува два вокали, кои со својата моќност и боја како да го сликаат почетокот или крајот на светот. Lisa Gerrard и Brendan Perry својата инспирација изминатите декади ја црпат од племенското, окултното, световното, но и од земското, профаното постоење.

Во професионалната биографија на Lisa Gerrard се впишани неколку соло проекти, како и музика за филм, на кои таа се потпишува и како авторка, но и изведувачка. Така, за музиката за епскиот спектакл Гладијатор, таа и композиторот Hanz Zimmer беа наградени со Златен Глобус.

Gerrard во Скопје доаѓа со нејзиниот последен проект на кој соработува со бугарскиот женски хор The Mystery Of The Bulgarian Voices. Хорот опстојува од средината на минатиот век и го негува автентичниот бугарски мелос, зачинет со нереално, самовилско пеење. Светот за прв пат слушна за овој хор на крајот на 80-те години на минатиот век, кога хорот го издава својот истоимен албум “Le Mystère des Voix Bulgares, vol. 2” за кој ја добиваат престижната Grammy награда во 1989 година. По речиси 4-децениско постоење доаѓа нивната соработка со маестралната Lisa Gerrard, со која создаваат една природна бајколика симбиоза, излегува албумот “BooCheeMish”, кој ги редефинира позициите на поимот World music и со својата уникатност буквално ја возбуди светската музичка сцена при нивните „лајв“ настапи.

КОМЕНТАРИ

НАЈНОВО ОД КАТЕГОРИЈАТА

  • Македонскиот бренд Биби избран меѓу 20 -те најдобри анимирани цртани за претшколски деца на фестивал во Франција

    Македонскиот бренд Биби избран меѓу 20 -те најдобри анимирани цртани за претшколски деца на фестивал во Франција

    На престижната манифестација „Картун форум“ (http://www.cartoon-media.eu/cartoon-forum/cartoon-forum-2019.htm) која од 16 до 19 септември ќе се одржи во францускиот град Тулуз ќе има презентација и на овој…

  • Почнува КРИК – Фестивал за критичка култура

    Почнува КРИК – Фестивал за критичка култура

    Започнува четвртото издание на КРИК – Фестивал за критичка култура, кој го организира Контрапункт – асоцијација за разво на критичка теорија, социо-културен активизам и современи…

  • Почнува меѓународниот натпревар „ИКС ДЕНС 2019“

    Почнува меѓународниот натпревар „ИКС ДЕНС 2019“

    Со гала концерт вечерва во Македонскиот народен театар ќе почне меѓународниот натпревар во кореографија „ИКС ДЕНС“ на кој е најавено учество на балетски уметници и…

  • Предавање и концерт на уметникот Емин Џијан во организација на „Охридско лето“

    Предавање и концерт на уметникот Емин Џијан во организација на „Охридско лето“

    Во организација на Националната установа „Охридско лето“ и генералниот спонзор на нашата најпозната и најмасовна музичко-сценска манифестација „Македонски телеком“, синоќа, во катедралната црква „Света Софија“…

  • „Пијанофест 2019“: наградата од Општина Битола во рацете на Николај од Охрид

    „Пијанофест 2019“: наградата од Општина Битола во рацете на Николај од Охрид

    Изминатиот викенд во Битола се одржа првото издание на меѓународниот натпревар во пијано „Пијанофест 2019“. Околу 80 натпреварувачи од Албанија, Бугарија, Косово и од нашата…

  • Најголемиот танцов камп и фестивал на Балканот „Битрикс Танцова Лига 5” започнува утре

    Најголемиот танцов камп и фестивал на Балканот „Битрикс Танцова Лига 5” започнува утре

    Најголемиот танцов камп и фестивал на Балканот, ова година по петти пат ќе се одржи во Скопје во организација на Битрикс културно-уметнички центар Станува збор…

  • Заврши осмото издание на Скопје Креатива 2019 – Зелено Скопје

    Заврши осмото издание на Скопје Креатива 2019 – Зелено Скопје

    Заврши осмото издание на фестивалот за развој и промоција на креативните индустрии ”Скопје Креатива 2019”, што оваа година се одбележа под мотото “Зелено Скопје“ симболизирајќи…

  • Ријана и официјално најбогата музичарка во светот

    Ријана и официјално најбогата музичарка во светот

    Пејачката и претприемачка Ријана ја симна Мадона од тронот и стана најбогатата жена во музичката индустрија. На листата на „Форбс” на најплатените жени кои сами…

  • „One love tour“ од 20 јули до 5 октомври во седум градови во Северна Македонија и Бугарија

    „One love tour“ од 20 јули до 5 октомври во седум градови во Северна Македонија и Бугарија

    Фестивалот „One love tour“ ќе започне во Банско на 20 јули, а потоа ќе се одржува во Струмица на 15 август, во Крива Паланка на…

  • Започнува градскиот фестивал за развој и промоција на креативните индустрии – Скопје Креатива 2019

    Започнува градскиот фестивал за развој и промоција на креативните индустрии – Скопје Креатива 2019

    Вечерва, петок 31 јуни, во Кино Култура, со почеток во 20:00 часот ќе започне осмото издание на „Скопје Креатива 2019“ – градскиот фестивал за промоција…