5 мај, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕПричини поради кои очите изгледаат премногу уморно

Причини поради кои очите изгледаат премногу уморно

Понекогаш се работи за проблем со исхраната, а тоа да не го знаеме…

Јасно е дека очите изгледаат уморно откако премногу сте работеле или сте ”скитале” цела ноќ. Меѓутоа, постојат и други фактори кои одлучуваат колку очите ќе изгледаат “будно”. Коскената структура и зголемената пигментација делуваат на можни “сенки” под очите. А постојат уште четири причини:

Очите се премногу напнати

Цел ден седите на компјутер на работа, а во слободно време често го гледате екранот на телефонот – и цело време напнато гледате? Последица: “напнувањето” на очите ги проширува крвните садови, се зголемува циркулацијата на крвта под очите и настануваат подочњаци.. Дајте им на очите почести паузи. Плус: проверете кај оптичар дали можеби треба да носите очила…

Дехидрирани сте

Недостатокот на течности има многу негативни ефекти врз здравјето. Ако премалку пиете вода, паѓа концентрацијата, кожата се суши, органите не можат да работат правилно, па се чувствувате уморни. Тоа се гледа и на вашите очи. Решението е едноставно: пиете повеќе течности!

Алергични сте

Кај алергиите често отекува и чеша кожата околу очите. Подочњаци, исто така, се чести симптоми. Тогаш очите брзо ќе изгледаат уморни – а ќе ви помогнат антиалергиски лекови.

Јадете премногу сол

Ако вашите очи наутро често отекуваат, a навечер повторно изгледаат “нормално”, можеби сте косумирале премногу сол. Имено, солта ”чува” многу течности во телото – па и под очите. Затоа, јадете помалку сол и пиете повеќе вода.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП