25 април, 2024
ПочетнаКАРИЕРАСтресот на работното место е признаен како болест

Стресот на работното место е признаен како болест

Светската здравствена организација во регистарот на болести го стави и “Burnout”, односно хроничен стрес на работното место, објавија денес европските медиуми.

Медицинските експерти дефинирале три димензии на таа болест: чувство на исцрпеност, растечко духовно дистанцирање или негативен став кон работата, се помал професионален ефект.

Се напоменува, исто така, дека дефиницијата Burnout се однесува само на работата, не и на другите области во животот.

Светската здравствена организација во својот регистар вовела уште некои болести, на пример, покрај игрите на среќа и дрогата и видео игрите се признати за потенцијален предизвикувач на зависност.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП