26 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОМуамед Сејдини им честиташе на ШКЕНДИЈА и Академија ПАНДЕВ, претседателот на ФФМ...

Муамед Сејдини им честиташе на ШКЕНДИЈА и Академија ПАНДЕВ, претседателот на ФФМ упати порака и за новите прволигаши, БОРЕЦ Велес и СТРУГА Трим Љум

Претседателот на Фудбалската федерација на Македонија, Муамед Сејдини по завршувањето на натпреварувачката сезона 2018/2019 упати честитки за ФК ШКЕНДИЈА по повод освојувањето на титулата во 1 МФЛ и ФК Академија ПАНДЕВ за освојување на Куп натпреварувањето во нашата држава.

По освојувањето на титулите во 2 МФЛ и промоцијата на ФК БОРЕЦ Велес и ФК СТРУГА Трим Љум во нови прволигаши, првиот човек на македонскиот фудбал упати зборови со честитка за двата тима кои од наредната сезона ќе бидат дел од најдобрата фудбалска конкуренција.

„Ве молам примете ги моите најтопли честитки за остварените резултати сезонава во македонската фудбалска лига. Изразувам најсрдечни желби до сите фудбалери, тренери, техничките и медицинските лица, како и до сите навивачи, бидејќи секој дел од организацијата несомнено е инструмент во победата на својот клуб. Шкендија го потврдува квалитетот веќе неколку години, а тоа е плод на добрата работа на стручниот штаб, одличната селекција и квалитетното раководство. Фудбалот е многу важен фактор во нашето општество и затоа е важно да им дадеме поддршка на нашите клубови и во нивните настапи во европските купови. Имаат право да сонуваат дека можат да стигнат далеку и во натпреварувањата на УЕФА. Им посакуваме многу среќа и со еднаков жар како и досега да го претставуваат својот дрес и македонскиот фудбал во Европа. Академија Пандев воодушеви многумина со постигнатите резултати сезонава и освојувањето на Купот во нашата држава. Верувам дека во континуитет ќе работат и функционираат стабилно, цврсто и плански. Убеден сум дека и во иднина неуморно ќе работат на создавање нови таленти, нешто што претставува визија на клубот и не се сомневам дека од тоа голема корист ќе има и македонската репрезентација. На сите македонски претставници во европските купови, Шкендија, Академија Пандев, Шкупи и Македонија Ѓ.П. им посакувам добар ждреб, многу среќа и успех во слените натпревари. Би сакал да упатам честитка до новите прволигаши, Борец Велес и Струга Трим Љум за првото место во 2 МФЛ – исток и 2 МФЛ – запад. Резултатот на двете екипи сигурно не е случаен, напротив, тоа е плод на квалитетната работа во клубовите и се надевам дека успехот ќе го продолжат и во натпреварите од најдобрата конкуренција следната сезона. Честитки за Велес и Струга“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП