19 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКафе од измет од слон за „само“ 50 долари

Кафе од измет од слон за „само“ 50 долари

kafe-slon

Една чаша од црна слоновача (Black Ivory) чини 50 долари. Оваа сорта на кафе е една од најскапите во светот и се добива од изметот на слонот.

Здруженијата за заштита на животни загрижено го следат овој вид на производство на кафе. Слоновите во северниот дел на Тајланд играат важна улога во тоа дека луѓето ќе можат да уживаат во посебен префинет вкус на кафе.

Производство на т.н. “кафе од измет од слон” се вклучени околу 20 дебелокожци од “Златниот Триаголник”, која е заштитена област за слонови на границата со Лаос и Мјанмар.

Слоновите секојдневно јадат плодови од кафе кои се дел од нивната храна. По околу 24 часа плодовите повторно може да се најдат речиси недопрени во нивниот измет. Плодовите потоа се мијат, од нив се вадат зрната кафе и се испраќаат на печење во Бангкок.

Резултатот е еден од најскапите видови на кафе во светот – “Black Ivory”. Оваа благородна мешавина во некои хотели со пет ѕвездички не можат да се добие за помалку од 50 евра по чаша.

“Слоновите се тревопасни животни. Нивниот стомак служи како еден вид на контејнер за природна ферментација “, вели канадскиот претприемач Блејк Динкин.

За време на дигестивниот процес доаѓа до ензимски реакции и ензимите го намалуваат ефектот на горчливите супстанции.

“Бавниот процес на варење во цревата на слонот придонесува за посебниот вкус”, вели Динкин.

После десет години работа на развој на својата идеја и инвестирање од 400 илјади долари од сопствениот џеб, претприемачот почна со продажба на 70 килограми кафе од слонски измет. Во меѓувреме, производство се зголемило за шест пати.

Од самиот почеток, овој 42-годишен претприемач посветил посебно внимание на тоа да се користат само етички прифатливи методи на производство, на какви што инсистираат друштвата за заштита на животните, кои инаку често ги критикуваат производителите кои за производството на кафе користат разни животни.

Во Индонезија и Виетнам веќе долго време се произведува кафе од измет од азиска чибета, посебен вид на мачка.

Љубителите на кафе низ целиот свет многу го ценат “Kopi Luvak” кафето добиено по бавниот дигестивен систем на ова животно.

Плодовите на растенијата од кафе немаат негативен ефект на слоновите, вели Динкин.

“Плодовите на кафето не се замена за нивните оброци. Слоновите дневно јадат околу 250 килограми храна, па плодовите од кафе се само мал дел од тоа. Кофеинот од кафето се ослободува единствено при неговото приготвување”, потпирајќи се Динкин на научни истражувања.

Тој исто така тврди дека не постои причина од страв дека можеби во кафето може да има остатоци од изметот на слонот. Зрната од кафе се мијат, а потоа подлежат на дополнителни проверки.

Досега, овој вид на кафе можело да се пие единствено во многу луксузни хотели во Тајланд, Дубаи и на Малдивите. Реакцијата на потрошувачите е позитивна, според менаџерите на хотелите, а необичниот начин на ферментација не ги заплашил клиентите воопшто.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП