3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАРејтингот на Кипар - делумен банкрот

Рејтингот на Кипар – делумен банкрот

Cyprus Financial Crisis

Американската куќа „Standard and Poor’s“, соопшти дека кредитниот рејтинг на Кипар е полош отколку што бил и го оцени како „делумен банкрот“.

Кредитниот рејтинг на Кипар веќе беше на многу лошо ниво, оценува оваа американска куќа, но сега од нивото „CCC“ (ѓубре) е намален на ниво „SD“ кое означува „делумен банкрот“. Потполн банкрот значи дека ниедна земја не исполнила ниедна своја обврска.

Во слулај на „делумен банкрот“ државата не може да отплаќа долг, но може некои обврски.

Аналитичарите на американската куќа за кредитни рејтинзи, оцениле дека одлуката на кипарските власти да ги замени краткорочните обврзници за долгорочни е „загрижувачка“ и дека не е поволна за државата, пренесува АП.

Кипарската економија е во фаза на забавување, невработеноста расте, а депозитите во банките опаѓаат.

Кипар во март прифати помош од 23 милијарди евра од Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), Европската централна банка и Европската унија, но под услов да ги намали трошоците и да го реструктуира банкарскиот сектор.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП