16 април, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕСлободно опуштете се додека седите!

Слободно опуштете се додека седите!

Само што е разбиен митот за “воени” правила на седење, еве како повременото опуштање на грбот помага!

Целиот живот слушаме совети за правилно држење – исправи се, седи убаво, дигнете ја брадата, замислете дека некој ви ги повлекува рамената во овој или оној правец, кои наводно ќе ни “донесе” јак и прав грб.

Меѓутоа, сега експертите откриваат дека “подгрбавеното” седење всушност е корисно за ‘рбетот.

Врежено е мислењето дека седењето во положба во која ‘рбетот “паѓа” назад, а главата се турка напред, доведува до болки во вратот и грбот. Тие проблеми се особено распространети во последниве децении, кога сé поголем број луѓе седат и работат пред компјутерот секој ден.

Истражувањето спроведено на еден британски универзитет покажало дека “подгрбавеното” седење всушност ја олеснува болката во грбот и вратот бидејќи го отстранува притисок од тие мускули.

Австралиска студија спроведена минатата година покажала дека наизменичното право и “подгрбавено” седење  наспроти само исправеното, им пружа на мускулите на грбот прилика да се одморат и да не бидат преоптоварени во текот на повеќечасовното седење.

“Овие мускули се ангажирани во текот на денот, бидејќи грбот, карлицата и абдоменот се држат исправено. Периодичното олеснување на нивната работа24 всушност е добро за грбот. Седењето кое до неодамна се сметало за неправилно всушност на грбот му ја дава потребната прилика да се одмори од напорот” изјавил за Daily Mail физиотерапевтот Џек Чу.

Научниците кои ги спровеле двете студии се согласуваат, по едно прашање – било да седите целосно исправени, или се навалувате, променете ја таа позиција најмалку еднаш на еден час.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП