Widgetized Section

Go to Admin » Appearance » Widgets » and move Gabfire Widget: Social into that MastheadOverlay zone

ALK 11,298.51 0.02%    FERS 74,000.00 1.36%    GRNT 1,034.77 0.65%    INPR 1,500.00 0%    KMB 6,279.63 -0.19%    MKSD 193.00 0.52%    MPT 76,500.00 0.08%    OKTA 4,700.00 2.17%    RZUS 75.00 -9.64%    SBT 2,590.73 3.49%    STB 1,180.00 0.09%    STIL 92.00 0.19%    TEL 310.00 0%    TNB 16,550.00 -0.18%    TTK 1,530.62 0.7%    UNI 2,390.00 1.27%    ZILU 150.00 8.7%    ZPKO 1,470.00 0%    

Уживањето кое го пружа пиењето свежо мелено кафе!

Време: 12:47

Датум: мај 16, 2019

Категорија: ЗДРАВЈЕ

Кога имате момент за себе,  без разлика колку е тој брз или краток, денот тече поинаку. Еден од тие бесценети моменти е пиењето на првото кафе во денот во мир и тишина. По првата голтка свежо мелено кафе ништо повеќе не изгледа толку страшно или стресно. Навистина има нешто во врска со таа прва голтка силно, вкусно свежо мелено кафе што ги буди вашите рецептори за вкус во устата и полека чувството на задоволство се шири низ целото тело, се активира мозокот и веќе сте подготвени за дневните предизвици. Се чини дека кафето толку добро влијае на нашата благосостојба, што го амортизира дневниот притисок и ни изнудува насмевки!

Култот кон кафето постои во скоро сите култури низ Земјава. Затоа не случајно оваа магична напивка е предмет на многу истражувања и анализи, кои се поврзани со психолошките и биолошките бенефити кои ги има по човековото здравје. Кафето нè буди, ни го загрева срцето за денот кој следува но има сериозни здравствени придобивки кои се движат од подобрување на вашата меморија до намалување на ризикот од рак. Научниците веќе со години знаат дека кафето го стимулира ослободувањето на допаминот во мозокот, кој произведува чувство на еуфорија и среќа па затоа луѓето толку ја сакаат онаa прва утринска шолја кафе.

Се чини дека сè е полесно со шолја кафе. Пиењето кафе со некој е многу важен ритуал во нашето општество. Во нашите краишта имаме навика да седнеме на кафе и тоа да трае 2, 3 часа и во тој тек да се сменат повеќе расположенија, да се договорат зделки, да се решат тешки проблеми, да се кажат тајни… Научно е докажано дека кофеинот ги има истите ефекти врз човековото тело како благ антидепресив, па затоа оние кои редовно го консумираат свежо меленото кафе, се генерално посреќни и попозитивни во врска со нивните животи.

Неговото височество кафето делува и како ароматерапија. Силната и моќна миризба ја намалува стресната состојба. Едноставно постојат огромен број причини поради кои вистинското и квалитетно кафе го чува вашиот организам и доброто расположение. Затоа не двоумете се кога ќе посакате да ја вкусите оваа чудесна напивка. Речиси и да не постои возрасен човек кој не ужива во друштвото на кафето. Се разбира неговата подготовка, ритуал на консумација варира од култура до култура, но можеме да потврдиме дека кај нас кафето е и те како популарно и омилено. Македонците и луѓето од регионот отсекогаш знаеле што е добро кафе и со него никогаш не правеле компромис. Турското кафе се враќа во мода и тоа денес е уште поголем повод за зближување меѓу луѓето. За ова говори и сè поголемата продажба на квалитетно свежо мелено, турско кафе во Македонија, па така го запрашавме, еден од најпознатите производители во регионот кај нас, „Гранд Кафе“ кои ни го потврдија овој факт и според нив бројот на љубители на свежо кафе е зголемен во изминатата година. Тоа се луѓе на кои што им е важна свежината на кафето, аромата, и полниот вкус кој го овозможува свежо меленото турско кафе. Ваквото кафе, не создава тегоби во желудникот, туку напротив, дава чувство на единствено и уникатно кафе, какво што е токму Гранд Кафе.

КОМЕНТАРИ

НАЈНОВО ОД КАТЕГОРИЈАТА

  • Одлична мешавина за здрава линија е комбинација од јаболко и боровинки

    Одлична мешавина за здрава линија е комбинација од јаболко и боровинки

    Ако сакате да одржите добра линија, свртете се кон овошјето. Колку повеќе разновидно, толку подобро. Најдобро е да се одлучите за сезонско, непрскано овошје. Но,…

  • Воздухот во домот може да биде од 2 до 5 пати позагаден од надворешниот воздух

    Воздухот во домот може да биде од 2 до 5 пати позагаден од надворешниот воздух

    Отстранете до 99,97% од загадувањето во вашиот дом – со Philips прочистувачите на воздух! Аерозагадуањето во Македонија секоја година е на алармантно високо ниво. На…

  • Кажете збогум на подочниците! Применете го овој совет и секогаш ќе изгледате одморено и свежо

    Кажете збогум на подочниците! Применете го овој совет и секогаш ќе изгледате одморено и свежо

    Темни и отечени кругови под очите дефинитивно не се нешто што сакате да го видите кога наутро се гледате во огледалото. Сепак, понекогаш е невозможно…

  • Дали правите разлика помеѓу основните видови јогурт?

    Дали правите разлика помеѓу основните видови јогурт?

    Со колегите на бурек, со другарите на лиснато тесто со зденка и маслинка, кај баба на баничка или, едноставно, дома под ќебе со омилените мусли,…

  • Примамливи намирници преполни со јаглени хидрати, за кои посегнуваме кога сме на диета

    Примамливи намирници преполни со јаглени хидрати, за кои посегнуваме кога сме на диета

    Ги знаете оние намирници кои ни се омилени во деновите кога водиме сметка за нашата исхрана, тоа се обично диетални замени за закуски и слатки.…

  • Еве што се случува во организмот кога јадеме мрсна храна!

    Еве што се случува во организмот кога јадеме мрсна храна!

    Новите откритија на Американската академија за неврологија покажуваат дека исхраната богата со маснотии и шекери на подолг период може да доведе до проблеми со меморијата…

  • Кога вирусите владеат искористете го витаминот Ц од овој одличен извор!

    Кога вирусите владеат искористете го витаминот Ц од овој одличен извор!

    Сезоната на вируси штотуку започна, а за да се заштитите, важно е да го зајакнете имунитетот, при што витаминот Ц е неприкосновен. Направете сами своја…

  • Кои зеленчуци треба да ги консумираме во овој период?

    Кои зеленчуци треба да ги консумираме во овој период?

    Сакате да го зачувате вашето здравје во овој период од годината и воедно да внимавате на својот изглед? Зеленчукот е одличен избор за да ги…

  • Најдобрите антиканцерогени намирници

    Најдобрите антиканцерогени намирници

    Под антиканцерогени намирници подразбираме намирници кои играат своевидна улога во заштитата од канцер. Несомнено знаете дека тоа се овошјето и зеленчукот. Но, кои од нив…

  • Намирници кои штитат од грип

    Намирници кои штитат од грип

    Сезоната на грипот е веќе присутна и луѓето се повеќе стравуваат дека можат да се разболат. Движењето, излегувањето на прошетки и активниот живот се важен…