Widgetized Section

Go to Admin » Appearance » Widgets » and move Gabfire Widget: Social into that MastheadOverlay zone

ALK 8,778.34 0.9%    FERS 77,100.00 0.13%    KMB 5,203.86 0.07%    MPT 62,171.24 0.99%    OKTA 4,660.00 -2.92%    SKP 54,000.00 -17.8%    STB 1,012.59 0.06%    STIL 106.00 0%    

Јогурт диета: За три дена, два килограми помалку

Време: 09:58

Датум: мај 16, 2019

Категорија: ДИЕТИ

Ова е време на годината кога сите зборуваат за јогурт диетата.

Постои голема и мала јогурт диета. Првата, голема трае седум дена, а ние денес ви ја носиме малата, која трае само три дена.

Јогурт диетата се нарекува уште и диета за вработени, бидејќи е многу лесно да се држи и секогаш дава ефект. Се доручкува и вечера дома, а ручекот и ужината ги носите со вас на работа.

Ако не сте задоволни со резултатот, односно сакате уште да ослабете, јогурт диетата можете да ја повторите по само пет дена.

Оваа диета е одличен избор ако немате проблем со голем број килограми, бидејќи внесувате сè што му е потребно на вашиот организам, ќе бидете полни со енергија, а ќе изгубите килограми.

На сите ни е познато дека јогуртот е добар за варење и здравје за дигестивниот тракт. Тој ги движи цревата на здрав начин и овозможува на храната брзо да се вари, благодарение на калциум-лактатот кој го содржи.

Исто така, јогуртот е добар за детоксикација на телото од сите штетни материи.

Дејството на оваа диета се базира на својството на пробиотичниот јогурт да го стимулира здравјето на цревната флора што резултира со подобро варење, елиминација на токсини и слабеење.

Прв ден

Доручек: нискокалорен јогурт со снегулки по ваш избор;

Ручек: варен зеленчук со ориз со маслиново масло, малку сол и бибер, 1 благ овошен јогурт;

Вечера: салата од 1 морков, 1 јаболко и 50 гр шунка, се благо пропржете на маслиново масло и кога ќе го извадите од оган додадете нискомасен јогурт.

Втор ден

Доручек: салата од 1 краставица и благ пробиотик јогурт;

Ручек: лесна зачинета мисирка пропржена на маслиново масло со пиперка, домат и ситно сецкани печурки, кога ќе се излади во јадењето додадете еден јогурт;

Вечера: јогурт со шумско овошје.

Трет ден

Доручек: цимет и јогурт комбинација- во јогурт додадете изрендано јаболко, мала количина на сирење, малку цимет и благо посолете по вкус;

Ручек: испечете 150 грама филети ослич, а потоа додадете салата од краставици и јогурт и малку сенф;

Вечера: Во 100 грама тестенини додадете јајца и ситно исецкана пиперка и на крај помешајте со нискокалоричен јогурт.

Накратко за диетата

Јогурт диетата три дена никако нема да ве изгладни, ниту ќе се чувствувате исцрпени и уморни, напротив ќе бидете полни со енергија. Оваа диета е вистински хит меѓу вработените, бидејќи е многу лесна за имплементирање и носи одлични резултати во краток временски период.

КОМЕНТАРИ

НАЈНОВО ОД КАТЕГОРИЈАТА

  • 10 дена 10 килограми помалку? Можно е, со екстремен режим на исхрана

    10 дена 10 килограми помалку? Можно е, со екстремен режим на исхрана

    Овој екстремен режим на исхрана дава одлични резултати, а се препорачува негово практикување само еднаш во шест месеци. Секој ден згответе 500 грама ориз. Кога…

  • Сирова диета: Обновете ја енергијата и изгубете од 3 до 7 килограми

    Сирова диета: Обновете ја енергијата и изгубете од 3 до 7 килограми

    Дали сте кратки со време, а сакате да се ослободите од неколку вишок килограми? За да го направите ова брзо и здраво пробајте диета со…

  • Чоколадна диета: 7 килограми помалку за само еден месец!

    Чоколадна диета: 7 килограми помалку за само еден месец!

    Се сомневате дека можете да ослабете без да се откажете од вашите омилени деликатеси? Дозволете ни да ве разубедиме! Оваа седумдневна чоколадна диета подразбира три…

  • Диета за ефикасно слабеење: Обилен доручек и до 10 килограми помалку

    Диета за ефикасно слабеење: Обилен доручек и до 10 килограми помалку

    Диетата ”голем доручек” е се попопуларна. Основниот принцип на оваа диета е за време на најважниот оброк, доручекот, да јадете ‘кралски’ и секој нареден оброк…

  • Таблица на килограми: Колку вода дневно е добро да пиете за лесно слабеење?

    Таблица на килограми: Колку вода дневно е добро да пиете за лесно слабеење?

    Вашата тежина одредува колку точно вода морате да пиете во текот на денот. Секоја диета и начинот на губење на тежината подразбира и пиење доволно…

  • Супер диета! Кога сакате да ослабете најдобар е лимонот!

    Супер диета! Кога сакате да ослабете најдобар е лимонот!

    Оваа диета ја спречува акумулацијата на течности и го разградува вишокот маснотии во телото. Лимонот го прочистува телото и ги отстранува отровите благодарение на високата…

  • Се за диетата од брокули: Килограмите ги намалува како од шега, а нејзиното мени е големо изненадување

    Се за диетата од брокули: Килограмите ги намалува како од шега, а нејзиното мени е големо изненадување

    За оваа диета се говори дека ги симнува килограмите како од шега и го чисти организмот од токсини. Прв и втор ден Доручек: 200 грама…

  • 3 начини за слабеење без броење на калории и гладување

    3 начини за слабеење без броење на калории и гладување

    Многу е важно во вашиот план да ги вклучите навиките кои не делуваат во директна врска со килограмите, но значително ќе придонесат за нивното исчезнување.…

  • Скандинавска диета е новиот светски хит

    Скандинавска диета е новиот светски хит

    Уште една диета? Се чини секоја година дека некоја нова диета станува хит, за веќе неколку месеци да се замени со друга. Што се случува…

  • Нова диета која не ”мачи”, но дава одлични резултати

    Нова диета која не ”мачи”, но дава одлични резултати

    Континуирано ни пристигнуваат различни диети и за секоја од нив се тврди дека токму таа е најдобрата, најздравата и најефикасната. Диетата 16: 8 е нов…