23 април, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕПостојано ви се јаде нешто благо: 3 совети за контролиран внес на...

Постојано ви се јаде нешто благо: 3 совети за контролиран внес на шекери

Слатките се за повеќето “сладок грев” на кој едвај оделеваме, но што ако станете зависници од шеќер и потребата за слатки станува постојана? Ако конзумацијата на слатки стане секојдневие, може да се случи да почнете да водите сериозна борба со губење на килограмите. Затоа за вас подготвивме некои совети, што ќе ви овозможат да избегнете прекумерно внесување на шеќер во телото.

1. Избегнувајте производи без шеќер

Ако сакате да јадете нешто слатко, дозволете си неколку колачиња или ред чоколадо, бидејќи сè е добро додека е умерено. Тоа е многу подобро отколку да бирате производи “без шеќер”, кои често имаат вештачки засладувачи и вкусови, кои се повеќе штетни и предизвикуваат глад.

2. Најдете замена за белиот шеќер

Кога имате потреба за шеќер, најдобро е наместо благо да јадете овошје. Најдобрата замена за белиот шеќер е сок од овошје, кој подеднакво долго ќе ве држи сити. Покрај тоа, добра замена се и екстракт од ванила и цимет, кои се исто така добри засладувачи и можете да ги користите за да го засладите кафето.

3. Обврнете внимание на исхраната

Желбата за шеќер настанува ако вашата исхрана е базирана на обични јаглени хидрати и заситени масти. Решението е  поголемиот дел од вашата исхрана да се базира на влакна и протеини, кои долго ќе ве држат сити, а со самото тоа и ќе ја намалат потребата за шеќер.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП