3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПросечната плата во април 20.893 денари

Просечната плата во април 20.893 денари

pari

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во април годинава изнесува 20.893 денари и во однос на април минатата година е повисока за 1,2 проценти, објави денеска Државниот завод за статистика (ДЗС).

Зголемувањето се должи, пред сé, на повисоката просечна месечна исплатена нето-плата по вработен во  секторите: „градежништво“ за 5,4 проценти, „рударство и вадење камен“ за 5,4 проценти и „преработувачка индустрија“ за 4,8 проценти.

Намалување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: „информации и комуникации“ за 30,9 проценти, „снабдување со вода, отстранување отпадни води, управување со отпад и дејности за санација на околината“ со 4,2 проценти и „дејности во врска со недвижен имот со 3 проценти.

Според ДЗС, исплатената просечна бруто плата во април 30.799 денари.Во тој месец плата не зеле 1,7 проценти од вработените во државата

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП