3 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИNestle ќе вработи повеќе од 20 илјади млади лица во Европа

Nestle ќе вработи повеќе од 20 илјади млади лица во Европа

nestle1

„Nestle“, најголемата прехранбена компанија во светот, објави дека во наредните три години во Европа ќе помогне да се вработат повеќе од 20.000 лица помлади од 30 години. Преку иницијативата „Nestle in Europe“ компанијата ќе понуди повеќе илјади места за одработување на практична настава и стажирање до 2016 година.

Детали за проектот ќе бидат објавени во септември, а во план e да се поттикнат и партнерите и снабдувачите да им понудат работа, усовршување или практична настава на младите невработени луѓе.

„Владите на европските земји не можат сами да го решат проблемот со високата невработеност на младите во Европа, затоа и компаниите мора во тоа да ја одиграат својата улога“, изјави  Лаурент Фрикс директорот на Зона за Европа на „Nestle“, кој додаде дека „Nestle“ им овозможува прилика на младите лица да учат и да се развиваат во внатрешноста на компанијата. Можноста која им ја овозможуваме на младите лица е резултат на нашиот постојан раст и инвестиции во Европа“

Во рамките на новата иницијатива, „Nestle“ на младите талентирани луѓе со стручни насоки, како и на дипломираните што ја бараат својата прва работа по факултетот, ќе им понуди позиции на сите нивоа, во сите свои деловни подрачја – од асистентски позиции во фабриките до оние во продажбата, маркетингот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП