29 март, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИInstagram тестира нова опција која може да ги уништи инфлуенсерите!

Instagram тестира нова опција која може да ги уништи инфлуенсерите!

Ќе полудат ако ова навистина се оствари!

Instagram може да воведе промена која многу инфлуенсери ќе ги доведе до лудило. Постои можност во иднина, бројот на лајкови која ги добила некоја фотографија да бидат недостапни за публиката.

Џејн Менчун Вонг, која се занимава со истражување на социјалните медиуми, откри дека Instagram веќе ја тестира оваа опција и скриншотите ги објави на Твитер.

– Ние сакаме вашите следбеници да се фокусираат на содржината што ја споделувате, а не на бројот на лајкови кои ги добивате. За време на ова тестирање, само оној кој ја споделил објавата ќе може да види колку лајкови таа добила – стои во известувањето.

Портпаролката на “Инстанграм” за “The Verge” изјави дека не ја тестирале опцијата во овој момент, туку бараат начин како би го намалиле притисокот од корисниците.

Важно е да се напомене дека Instagram и Facebook постојано тестираат нови опции, но многу од нив никогаш не оживеале.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП