29 март, 2024
ПочетнаКАРИЕРАРешете го стресот на работа со овие едноставни трикови!

Решете го стресот на работа со овие едноставни трикови!

Овие совети ќе ви помогнат да не се нервирате премногу на работното место…

Три четвртини од жените чувствуваат стрес на работното место и сметаат дека токму тој го загрозува здравјето и го убива расположението. Нешто помал број (но сепак значаен) се оние кои поради стресот со кој се соочуваат секојдневно развиваат сиптоми на депресија. Со оглед на состојбата во друштвото, мал број на работни места и силната конкуренција разбирливо е зошто толку многу стресот е присутен. Се обидовме да пронајдеме решенија што ќе ви помогнат засекогаш да го победите стресот:

Земете пауза!

Иако понекогаш се чини дека тоа ќе предизвика катастрофа од поголеми размери ако го напуштите работното место, тоа нема да се случи. Направете пауза од половина час, прошетајте, јадете ужина во мир или разбистретете ја главата на свеж воздух. Тргнувајќи се од стресната средина, па макар и на кратко, ќе ве опушти, ќе се смирите и ќе ги наполните батериите, а со тоа ќе бидете и продуктивни.

Џвакајте!

Бројни студии покажале дека гумите за џвакање го намалуваат стресот за дури 17%, а освен тоа што смируваат, за дури 67% ги подобруваат мултитаскинг способностите.

Спречете нервен слом!

Кога ќе забележите дека непријатна ситуација се готви околу вас или едноставно ве фаќа паника поради висината на работата што е пред вас, земете една минута за да се соочите со ситуацијата. Самото соочувањето помага стресот да стане значително помалку интензивен. Оладете ја на кратко главата, направете нешто што ве опушта и рационално смислете начин кој ќе ви помогне да ја завршите работата што е можно попродуктивно.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП