25 април, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИВо Дубаи отворена првата фабрика во која роботи произведуваат регистарските таблици

Во Дубаи отворена првата фабрика во која роботи произведуваат регистарските таблици

Сите добро знаеме дека Дубаи е познат по технолошките иновации, од именувањето на министерот за вештачка интелигенција, задолжително 3D печатење на згради, паметни полициски станици, летачки полицајци и такси па се до паметни регистарски таблички.

Сега од овој град доаѓа уште една иновација, отворена е првата фабрика во светот која ќе користи роботи за производство на регистарските таблички на возилата со капацитет од 33.000 таблици дневно.

Фабриката која се наоѓа во Customers Happiness Centre во Деири, користи технологија на четвртата индустриска револуција и применува вештачка интелигенција во печатење на регистарските таблички без човечка интервенција. Во блиска иднина, RTA (Roads and Transport Authority) ќе инсталира 10 слични машини во центрите за даватели на услуги и ќе бидат контролирани преку централната фабрика РТА.

За технолошката имплементација била одговорна германската компанија Tonnjes Middle East. Во овој систем, робот прима електронски налози за печатење преку e-Licensing и почнува со печатење на таблици без човечка интервенција. Системот го следи циклусот на регистарски таблички од производството до одложување со користење на QR-кодот кој е прикачен на таблицата.

Секоја производна единица може да произведе 11.000 таблици на ден, односно 350 до 700 таблици на час максимум или една таблица за 15 секунди. Исто така, машината автоматски одеднаш може да печати шест различни типови на таблици.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП