29 март, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕНепознатите својства на циметот - што друго не знаевте за овој зачин?

Непознатите својства на циметот – што друго не знаевте за овој зачин?

Цимет е зачин што или го сакате или го мразите.

Карактеристичниот мирис на циметот потсетува на ладна есен или зимска вечер со чај во рака. Сепак, циметот не е само со карактеристичен вкус туку има карактеристики кои спречуваат многу болести, како што е ракот. Но, тоа не е сè!

Цимет се купува како исушена кора или во облик на прав. Дали ги знаете здравствените карактеристики на циметот? Циметот има многу предности!

Го олеснува памтењето

Истражувањата покажуваат дека редовното конзумирање на цимет го подобрува процесот на учење. Благодарение на овој зачин можете брзо да ги запамтите  новите информации и да комбинирате со фактите.

Го намалува шеќерот во крвта и нивото на холестерол

Циметот позитивно влијае на нивото на холестерол во крвта што доведува до негово намалување. Секојдневната конзумација на зачинот исто така го стабилизира шеќерот во крвта. Луѓето со генетски дијабетес тип 2 почесто треба да го користат циметот.

Го смирува воспалението

Цимет има смирувачки ефект врз воспалението во телото. Корисно е да се воведе цимет во исхраната во есен и во зима за да се зајакне имунитетот и да се потиснат настинките.

Го намалува ризикот од рак

Научниците веруваат дека циметот има токсичен ефект врз клетките на ракот и ги убива.

Маслото од цимет има антибактериски својства

Маслото од цимет има карактеристичен мирис и антибактериско дејство. Неговиот додаток во оброкот може да ви помогне да избегнете или да го олесните труењето со храна.

Маслото од цимет ги одбива крлежите и комарците

Мирисот на цимет им пречи на комарците и опасните крлежи. Запомнете, сепак, дека етеричното масло од чистиот цимет може да ја иритира кожата и затоа секогаш разредете го во основно масло (на пример, сончогледово)

Во некои случаи, цимеот може да биде штетен!

Го иритира гастроинтестиналниот тракт

Големи количини на цимет може да ја иритираат деликатната слузница на дигестивниот тракт. Треба да се избегнува кај луѓе кои страдаат од воспаление на желудникот, металоиди или синдром на иритација на црева.

Голема количина на цимет го оштетува црниот дроб

Циметот е извор на кумарин, соединение кое кога се консумира повеќе од штотреба може да доведе до оштетување на црниот дроб. Дневна доза во умерени количини е сосема безопасна и носи многу бенефиции.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП