28 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНе е неопходно во исхраната: Оваа држава ги укинува националните резерви за...

Не е неопходно во исхраната: Оваа држава ги укинува националните резерви за кафе

Швајцарија ги објавила плановите за укинување на националните резерви на кафе после објавата дека кафето не е значајно за преживување на луѓето.

Ова е систем кој се применува со децении, а според планот, обврската за чување на резерви на кафе ќе истече на крајот на 2022 година, објави Reuters.

Федералната канцеларија за економски залихи, заклучи дека кафето не е состојка која е неопходна за живот. Се вели дека кафето речиси и да нема калории и не е неопходно во исхраната.

Обврската за чување на кафе сега ја имаат 15 компании вклучувајќи го и “Nestle”. Количината на залихи е околу 15 тони, што е доволно за да се покријат три месеци потрошувачка на кафе во Швајцарија.

Компанијата ”Nestle”, која е производител на Nescafe, и други увозници и трговци со кафе, според законот задолжени се да чуваат залихите на сирово кафе.

Државата, исто така чува резерви на шеќер, ориз, масло за јадење и храна за животните.

Системот за собирање на залиха е воспоставен помеѓу Првата и Втората светска војна, и претставуваше систем со кој Швајцарија се подготвувала за потенцијален недостаток во случај на војна, национална катастрофа или епидемија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП