27 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПоевтина струја за 5,24 отсто од 1 јули, предлага РКЕ

Поевтина струја за 5,24 отсто од 1 јули, предлага РКЕ

bez-struja

Регулаторната комисија за енергетика на денешната подготвителна седница предложи цената на електричната енергија за тарифните потрошувачи од 1 јули да се намали за 5,24 отсто односно средната цена за киловат час електрична енергија да изенсува 4,483 денари.

Конечната одлука треба да биде донесена до крајот на месецов, а претседателот на Регулаторната комисја за енергетика Димитар Петров не очекува таа многу да се разликува од предложената иако на денешната седница забелешки во однос на цената доставиле сите енергетски компании меѓу нив „МАКСТИЛ“ и „Скопски легури“.

– Комисијата предлага да има 3 отсто зголемување на цената за АД ЕЛЕМ, 3,97 отсто зголемување за МЕПСО и намалување од 4,83 отсто за ЕВН дистрибуција. Најголеми забелешки на предлогот има ЕВН дистрибуција која смeта дека новата цена ќе влијае на нивната ликвидност, рече Петров на денешната прес-конференција.

Тој посочи дека најголема улога во намалувањето  на цената на струјата имаат корекциските фактори на приходи на енергетските компании, а помалку влијаела намалувањето на цената на струјата на светските берзи. Следната корекција на цената на електричната енергија ќе биде во јуни 2014 година.

Петров одговарајќи на новинарско прашање прецизира дека до септември ќе се знае точниот датум до кога ќе биде одложена втората фаза на либерализацијата на пазарот на електрична енергија.

Во втората фаза која првичино тебаше да се случи на 1 јануари 2013 година, а потоа беше одложена за 1 јули 2013 година требаше да се либерализара пазарот за компаниите кои имаат над 50 вработени и остваруваат вкупни приходи поголеми од 10 милиони евра годишно.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП