26 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНа жителите во еден дел од градот кај Фукушима им е дозволено...

На жителите во еден дел од градот кај Фукушима им е дозволено да се вратат во домовите

Во некои делови во еден од двата града во близина на нуклеарната електрана Фукушима во Јапонија, дозволено им е на населението да се вратат после деталната деконтаминација. 

Според AP, околу 40% од градот Окума е обезбеден за враќање на жителите, додека другиот град, Футуба и околните населби се уште се премногу озрачени за луѓето.

Агенцијата додава дека многу поранешни жители на градот сè уште не сакаат да се вратат, бидејќи процесот на деконтаминација не е завршен.

Критичарите велат дека овој потег на јапонската влада е да се обиде да ја промовира безбедноста во пресрет на Олимписките игри што ќе се одржат во оваа земја во 2020 година.

Владата има спроведено голема акција за деконтаминација на отстранување на горниот слој на почвата, сечење на дрвја и темелни миења на куќите и патиштата во погодените области.

Експертите сметаат дека на овој начин радијацијата само ќе се пресели од едно на друго место и дека е создадено огромно количество на радиоактивен отпад.

Нуклеарната катастрофа во Фукушима се случи во 2011 година кога огромна количина на јонизирачко зрачење ја загади животната средина.

На врвот на евакуацијата во областа околу нуклеарната централа Фукушима, околу 160.000 луѓе ги напуштиле своите домови.

Катастрофата во Фукушима е класифицирана на највисоко ниво (седмо) на Меѓународната скала за нуклеарни инциденти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП