18 јуни, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕУ: Британците ќе бидат ослободени од визи по Брегзит

ЕУ: Британците ќе бидат ослободени од визи по Брегзит

Британците кои ќе одат на кратка посета во земјите на ЕУ по Брегзит, дури и ако не се усвои договорот, нема да имаат потреба од визи, се договорија Европскиот парламент и Советот на ЕУ.

Ова ослободување ќе се применува реципрочно од страна на британските власти и ќе важи за сите земји членки на ЕУ (со исклучок на Ирска, која има свој посебен билатерален договор со Велика Британија), и земјите вклучени во Шенген зоната (Исланд, Лихтенштајн, Норвешка и Швајцарија), се наведува во соопштението на двете институции.

Се работи за прелиминарен договор кој треба да се потврди со гласање на пленарна седница на Европскиот парламент и на Советот на ЕУ, која ги обединува земјите членки.

Преговорите се заглавени околу една точка на анексот кој се однесува на Гибралтар, внесена по барањето на Шпанија, каде Гибралтар се означува како “колонија на британската круна”. Тоа повторно го започна долготрајниот спор меѓу Шпанија и Велика Британија во врска со Гибралтар, територија од 6,8 квадратни километри, што Мадрид ги отстапи на британската круна во 1713 година. Ова прашање беше решено со отстранување на британскиот известувач и беше поставен друг за да се прифати постигнатиот компромис во кој останува спорната нота.

Новиот известувач укажа на потребата брзо да се усвои текстот поради приближувањето на 12-ти април, новиот краен рок за повлекување на Велика Британија од ЕУ. Текстот утре ќе биде доставен до Европскиот парламент на гласање.

“Законот треба да биде донесен и објавен во Службен весник на ЕУ до 12-ти април во случај на Брегзит без договор до тој датум”, изјави Европскиот парламент во соопштението.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП