28 април, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕПечурките помагаат во проблемот со меморијата?

Печурките помагаат во проблемот со меморијата?

Една неодамнешна анкета од страна на научниците од Сингапур истакна дека редовното конзумирање на печурки (шампињони), може да помогне да се зачуваат когнитивните функции кај постарите лица.

Во студијата се вклучени повеќе од 600 испитаници постари од 60 години, а нивната исхрана и когнитивните способности биле следени во текот на 6 години, од 2011 година до 2017 година.

Авторите на студијата заклучиле дека, иако не може да се потврди дека постои директна поврзаност помеѓу консумацијата на печурките и мозочните функции, луѓето кои имаат обичај да јадат печурки двапати неделно имаат помалку проблеми со меморијаѕа од луѓето кои јадат печурки помалку од еднаш неделно. Се проценува дека ризикот од лесни когнитивни тегоби на овој начин е намален за 43%, додека три порции неделно го намалуваат ризикот за 52%.

За корисниот ефект на печурките се одговорни антиоксидансите и анти-воспалителните состојки кои печурките ги содржат и можат да спречат таложење на бета-амилоид и тау протеин во мозокот кој е присутен во Алцхајмеровата болест.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП