28 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈААсоцијација за е-трговија на Македонија го одржа второто годишно собрание

Асоцијација за е-трговија на Македонија го одржа второто годишно собрание

Асоцијацијата за е-трговија на Македонија вчера го одржа своето второ годишно Собрание во конференциската сала во Воденица Мулино. Во последнава година асоцијацијата успеа да ја крене свеста за значењето и потенцијалност  на е-трговијата за стимулирање на прогрес и економски раст на земјава.

Поддршка за работата на Асоцијацијата упатија Министерот за информатичко општество и администрација, г-дин Дамјан Манчевски, Директорот на Царинска управа на РСМ, г-дин Ѓоко Танасоски и Директорот на Фонд за Иновации и Технолошки развој, г-дин Јован Деспотовски во своите воведни обраќања на почетокот на Собранието.

Во својот поздравен говор претседателката на АЕТМ, Д-р Нина Ангеловска упати благодарност и ја поздрави отвореноста на владините институции, бизнис секторот, донорите, поддржувачите и спонзорите кои го препознаа потенцијалот и потребата од асоцијацијата која во изминатава година се етаблираше како претставник на индустријата. Таа фокусот го стави на способноста за брзо менување и адаптирање: “Сите сме свесни за дигитализацијата и нејзината неопходност, за ризиците од социјална ексклузија ако не се придвижиме кон дигиталнo општество, ако не успееме да ги зголемиме капацитетите, ако не го едуцираме населението и ако не ги промениме нашите ставови и сфаќања. Прашањето е дали сме свесни колку брзо треба да се менуваме и дали го имаме капацитетот за тоа? Неопходно е фокусот да го ставиме на брзината кон адаптирање и прифаќање на промените, бидејќи единствено на тој начин можеме да фатиме чекор со светските трендови. Фразата “Има време, полека” потребно е да ја замениме со “Нема време, побрзо!” и наместо “Ќе не биде” да велиме “Знаеме како и можеме”. Е-трговијата повеќе не е диференцијатор на компаниите и избор за дали некоја компанија ќе одлучи да ги нуди своите производи и услуги онлајн. Сите оние кои избегнуваат да го отворат овој нов канал, испуштаат нови потенцијлани купувачи. Ќе работиме за се повеќе компании да го отворат овој нов канал полесно и да може да кажат “Знаеме како и можеме!””

Често се зборува дека дигитализацијата е единствен начин за да се модернизира општеството и компаниите. Асоцијацијата може да им помогне на бизнисите и на државата со тоа што ќе се обиде да ги едуцира граѓаните да го зголемат нивото на користење на електронските услуги. Преку законот за електронски документи, електронска идентификација и доверливи услуги електронските документи ќе имаат иста правна важност како и хартиените документи и согласно принципите на Европската Унија приоритет ќе имаат дигиталните документи – “digital first”.

Државата може да придонесе кон зголемување на е-трговијата преку гарантирање на сигурност и безбедност на граѓаните при користење на услугите онлајн, и законска рамка преку која ќе се зголемат дигиталните вештини на граѓаните. Владата веќе ги усвои трите закони кои обезбедуваат правна можност граѓаните да добиваат услуги онлајн, но и гарантираат безбедност. Станува збор за Законот за централен регистар на население, Закон за електронско управување и електронски услуги и Закон за електронски документи, електронска идентификација и доверливи услуги. Но, не може да зборуваме за услуги, а да не покажеме свесност за дигиталните способности и вештини на граѓаните. Мора да инвестираме во младите уште од најрана воздраст да стекнуваат вештини кои ќе им помогнат да бидат понатаму конкурентни на пазарот. Ние како држава веќе активно вложуваме и сме дел од мапата на држави каде се развиваат дигитални вештини.” – изјави Министерот за информатично општество и администравија, г-дин Дамјан Манчевски.

Трендовите во преку-граничната трговија драстично се менуваат, со оглед на фактот дека во текот на минатиот век се зборуваше за големи пратки и контејнери, денес сите ние зборуваме за брзи пратки и е-трговија што е голем предизвик за стопанството, институциите и за Царинската управа. Асоцијацијата и Царинската управа потпишаа меморандум за соработка и спроведоа две едукативни работилници во текот на изминатата 2018 година.

“Царинската управа во процесот на дигитализација и воведување на Е-царина наскоро ќе го воведе новиот систем за обработка на податоци со што ќе бидат создадени услови за безхартиена царинска постапка. Ова ќе значи целосна дигитализација и поедноставување на царинската постапка, со што целосно сме во согласност со стандардите за Е-влада и подобри услуги за граѓаните. Асоцијацијата ќе биде вклучена во новиот проект на Царинската управа, која со помош на Царинската управа на Јужна Кореа ќе работи на поедноставување во самите царински постапки и поедноставна прекугранична трговија. АЕТМ стана наш доверлив партнер и ја ужива поддршката од Царинската управа, а од друга страна ние како Царинска управа ќе направиме се што можеме за да излеземе во пресрет на барањата на клиентите.” – изјави директорот на Царинската управа, г-дин Ѓоко Танасоски.

АЕТМ и ФИТР имаат одлична соработка преку која веќе беше реализирана првата конференција за е-трговија во Македонија. Соработката ќе продолжи преку изработување на правилници и поедноставување на регулативата за е-трговија кои ќе им олеснат на компаниите од областа на е-трговија.

Се поголем дел од над 200 микро, мали и средни претпријатија кои се корисници на средства од ФИТР планираат пласирање на своите производи и услуги и освојување на нови пазари преку е-трговија. Секое законско олеснување во делот на извоз на производи или услуги за компаниите која ја нудат со висока додадена вредност, ќе добие поддршка од наша страна. Наша цел е да ја направиме подостапна законската регулатива во делот на е-трговијата, меѓу другото и заради тоа што тоа е составен дел од мисијата на ФИТР“, изјави директорот на ФИТР, Јован Деспотовски.

По завршувањето на воведните обраќања, продолжи работниот дел на Собранието каде беше даден осврт на сработните активности во изминтата година и беше презентиран и усвоен планот на активности за 2019та година. Активностите на асоцијацијата во текот на година ќе бидат насочени кон информирање, едукација, справување со сивата економија во е-трговија и други активности насочени кон градење на капацитети за стимлирање раст и зголемена конкурентност на МСП. По првата успешна организирана конфренција за е-трговија минатата година, беше најавена и овогодинештата конференција која е планирана за октовмри 2019 година.

Асоцијацијата се формираше во декември 2017 година. Денес, Асоцијацијата има 56 активни членки, од кои 47 правни лица, 5 физички лица и 4 почесни членки. Во 2019 година кон АЕТМ пристапија нови 7 членки кои одлучија да се вклучат во процесот на развој на е-трговијата и да се стремат кон дигитализација на општеството.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП