
Сите се стремиме да бидеме среќни и на различни начини се обидуваме да најдеме начин да не ја тргнеме насмевката од лицето. Еден од начините може да биде тренирање, особено ако се работи за вежбање на насмевката.
Во прашање е посебен тип на јога, што е се повеќе популарна кај нас – јога со смеење. Се работи за сосема поинаков начин на тренинг кој не вклучува тешки вежби, болка, напор туку го заобиколува сето ова и оди на крајната цел, а тоа е целосно задоволство, среќа и здравје.

