25 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНова специјална припејд понуда само во Вип

Нова специјална припејд понуда само во Вип

Vip-Macedonia-prepaid-data-sims2

Вип оператор ја збогати својата летна припејд понуда со ново специјално изненадување наменето пред сè за корисниците кои ова лето ќе ја посетат Македонија.

Новата Vip Prepaid Tourist понуда, која е достапна единствено во Вип преку посебни Tourist SIM картички, им овозможува на корисниците вклучени минути разговор со сите мрежи во Македонија, вклучени СМС пораки во земјава и кон странство, неограничен супер брз интернет и меѓународни разговори по цена од 9,9 денари/минута за повици кон 15 земји од Европа.

Новите специјални Vip Prepaid Tourist SIM картички веќе се достапни во Vip центрите со автоматски вклучена неделна или месечна тарифна опција.

Vip Tourist SIM со Неделна опција, за  499 денари, им овозможува на корисниците: 200 минути разговор кон сите мрежи во Македонија; 200 СМС пораки кон сите домашни и меѓународни дестинации; 200 МB супер брз интернет и и меѓународни разговори за 9,9 денари/минута, во времетраење од 7 дена.

Корисниците кои ќе се одлучат пак за Vip Tourist SIM со Месечна опција, за 999 денари добиваат: 500 минути разговори кон сите мрежи во Македонија; 500 СМС пораки, 500 МB интернет и меѓународни разговори за 9,9 денари/минута во времетраење од 30 дена. По истекот на овој временски период, корисниците на која било од наведените опции, можат да извршат надополнување на својата припејд сметка од 500 и 1000 денари, соодветно сумата им е одземена, а со тоа веднаш ја добиваат соодветната неделна или месечна опција.

Новата летна специјална Вип припејд понуда вклучува и Tourist Surf тарифни опции за интернет сообраќај по исклучително поволни услови. Во зависност од потребите на корисниците, во продажба веќе се достапни:  Vip Prepaid Tourist Surf SIM со Неделна опција која за 499 денари овозможува 5 GB интернет со 3G брзини во времетраење од 7 дена и Vip Prepaid Tourist Surf SIM со Месечна опција со која за 1999 денари се добиваат 20 GB интернет со вклучен уред 3G стик за сурфање во времетраење од 30 дена. Со надополнување од 500 денари за неделната опција и 1000 денари за месечната, корисникот ја продолжува валидноста на понудата, добива дополнителен интернет сообраќај и сумата соодветно се одзема од сметката.

Поволностите од новата Vip Prepaid Tourist понуда важат сè до 30 септември 2013-та година.

Повеќе информации за оваа понуда, корисниците можат да добијат во контакт центарот на Вип на 077 1234 или на веб страната на Вип www.vip.mк

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП