Widgetized Section

Go to Admin » Appearance » Widgets » and move Gabfire Widget: Social into that MastheadOverlay zone

ALK 9,052.00 0.03%    GRNT 868.34 2.16%    KMB 5,369.00 0.69%    MPT 61,504.82 -0.59%    RMDEN12 99.10 0.11%    RMDEN14 98.50 0.2%    RMDEN18 98.69 -0.01%    SBT 2,253.23 -6.12%    STIL 98.00 -2%    UNI 2,100.40 0.02%    

Сонот на Тео стана јаве

Време: 11:40

Датум: март 18, 2019

Категорија: ЕКОНОМИЈА

Тео Богоевски: „… луѓе ме напраивте 100% посамостален.“

Тој е голем борец, неговото име е Тео Богoевски и денес ја живее својата 27 пролет. Цели 11 години е неподвижен. Од неодамна тој повторно може самостојно да функционира и да се “движи” со помош на новата електромоторна количка која благодарение на хуманоста на овој народ е набавена преку дистрибутерот на SUNRISE MEDICAL за Македонија, фирмата за ортопедски помагала “Бауерфеинд”.

„Благодарејќи на сите прекрасни луѓе еве го и тој ден. По неполни 2 години седнав на неа. Не можам со зборови да Ви го опишам чувството, сеуште сум во шок. Значи, си подесувам позиција на нозе, грб, висина, се легнувам, поткачувам, не ме труцка веќе кога возам, можам да сменам положба да не се здрвувам по цел ден, качувам тротоари, спуштам стабилно, додека се возам во комбе е стабилна, менувам канали на тв, палам клима со џоистикот, луѓе ме напраивте 100% посамостален. Фала Ви за секоја порака, убава мисла, за секоја донација, за секоја љубов со која направивте да уживам во собирањето средства…Со цела рака Ве гушкам сите“ – напиша Тео на својот ФБ профил споделувајќи ја радоста.

Само еден миг од денот може да ни го промени животот….

До својата 16 -та година Тео бил подвижен без никакви проблеми, но кобниот скок во Охридското Езеро му ги одзема нозете и го прави потполно зависен од инвалидска количка и друго лице. Безмалку 2 години беа потребни да се соберат  средствата за да се набави најсоодветната количка за  Тео според степенот на неговиот инвалидитет, потребите и можностите.

Хуманоста повторно помогна уште еден млад живот да ги живее деновите поподносливо покрај големиот хендикеп, а производителот на количката „Sunrise medical” од Германија, преку своите дистрибутери од Македонија, компанијата „Бауерфеинд“,  му ја испорачаа истата.

Браво за Тео и голема благодарност до сите знајни и незнајни луѓе кои помогнаа во собирањето на средствата.

КОМЕНТАРИ

НАЈНОВО ОД КАТЕГОРИЈАТА

  • УЈП: Најмногу пријави за неиздавање фискални и за сметки што не можат да се скенираат

    УЈП: Најмногу пријави за неиздавање фискални и за сметки што не можат да се скенираат

    Управата за јавни приходи информира за неправилностите коишто од почетокот на мерката поврат на 15 % од пресметаниот ДДВ, граѓаните ги пријавуваат на бројот 198.…

  • Камбоџа враќа 1.600 тони пластичен отпад во САД и Канада

    Камбоџа враќа 1.600 тони пластичен отпад во САД и Канада

    Камбоџа се приклучи на групата азиски земји кои одлучија да ги враќаат назад пратките со пластичен отпад што им ги испратија западните компании, објави „Си-ен-ен“.…

  • Германија воведува задолжителна вакцинација против мали сипаници

    Германија воведува задолжителна вакцинација против мали сипаници

    Германската влада го прифати предлогот на министерот за здравство, Јенс Шпан за воведување на задолжителна вакцинација против малите сипаници. Децата во Германија ќе мора во…

  • Индексите на Wall Street во пад втор ден по ред

    Индексите на Wall Street во пад втор ден по ред

    На Wall Street во средата цените на акциите паднаа втор ден по ред бидејќи деловните резултати на некои компании предизвикале стравувања од негативното влијание на американско-кинескиот…

  • Поголема градежна активност на патиштата, намалена изградбата на станови

    Поголема градежна активност на патиштата, намалена изградбата на станови

    Раст на градежните активности, претежно во нискоградбата, и надолен тренд во високоградбата ја одбележуваат состојбата во градежништвото во првата половина од годинава, коешто, според стопанствениците,…

  • На УКИМ слободни 10 665 места за нови студенти, првиот рок за упис на 29 и 30 август

    На УКИМ слободни 10 665 места за нови студенти, првиот рок за упис на 29 и 30 август

    На Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“-Скопје за упис во прва година додипломски студии во учебната 2019/2020 година слободни се вкупно 10 665 места. Според Конкурсот…

  • Сончево време со температура до 33 степени

    Сончево време со температура до 33 степени

    Времето денеска ќе биде сончево и потопло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северозападен правец. Минималната температура ќе…

  • „Бизнис раст со е- трговија“ – тема на Втората годишна конференција за е-трговија

    „Бизнис раст со е- трговија“ – тема на Втората годишна конференција за е-трговија

    На 25 октомври 2019 год, во Скопје ќе се одржи Втората годишна конференција за е-трговија под наслов „БИЗНИС РАСТ СО Е-ТРГОВИЈА“ во организација на Асоцијацијата…

  • Недостиг од квалификувана работна сила во преработувачката индустрија

    Недостиг од квалификувана работна сила во преработувачката индустрија

    Најголемо влијание врз ограничувањето на обемот на производство во преработувачката индустрија имаат недостигот на квалификувана работна сила со 26,2 проценти, недоволната странска побарувачка со 15,6…

  • Роденден на MMF: 0,1 проценти од најбогатите заработиле колку половина од населението

    Роденден на MMF: 0,1 проценти од најбогатите заработиле колку половина од населението

    Вршител на должноста директор на Меѓународниот монетарен фонд, Дејвид Липтон, изјавил дека најбогатите 0,1 проценти од населението акумулирале исто богатство како најсиромашните 50 проценти. “Светот…