19 април, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕПет грицки кои живот значат

Пет грицки кои живот значат

Оревите се многу здрава храна, бидејќи тие се полни со здрави масти, протеини, влакна, витамини особено витамин Е.

Луѓето кои секојдневно јадат по една рака од овие коскени плодови, имаат 20 проценти помалку шанси да умрат од срцеви заболувања и рак. Покрај тоа, можете да ослабете, а исто така тие се добри за меморијата, покажуваат бројни студии.

Бадеми

Тие се богати со витамини и хранливи материи и не прават поздрави. Го намалуваат нивото на холестерол, го штитат срцето и вените. Сепак, многу нутриционисти укажуваат дека ова е идеален додаток на нискокалорична исхрана, особено кај луѓе кои имааат проблеми со притисокот. Тие исто така помагаат при проблеми со желудечната киселина, го намалуваат воспалението кај луѓето со дијабетес тип 2 и го поттикнуваат развојот на корисни бактерии, како што се Бифидобактерија и Лактобацилус.

Ф’стаци

Тие се полни со витамин Б, што е од суштинско значење за производство на хемоглобин. Храната со голема содржина на влакна е малку повеќе калорична (156 калории во 28 грама), но исто така помага во доведувањето на холестеролот во нормала. Секојдневната потрошувачка може да помогне да се зголеми “добриот” HDL холестерол, кој е важен за здравјето на срцето. Покрај тоа, го намалува бројот на ризици поврзани со срцеви заболувања, прекумерната тежина и шеќер во крвта. Многумина препорачуваат да се  јаде помала количина на ф’стаци после секој оброк.

Пуканки

Овие закуски се популарни кај многумина, бидејќи се многу вкусни. Ако ги подготвите на вистински начин, бидете сигурни дека тоа е една од најздравите нискокалорични закуски (30 грама има само 122 калории). Сепак, штом ќе ги ставите на масло или путер, влегувате во полето на нездраво, но ако ги подготвите сами, тоа нема да биде така. Особено ако употребувате апарат за пуканки на топол воздух.

Индиски ореви

Имаат специфичен вкус, и се полни со витамин Ц. Го подобруваат расположението и влијаат за подобар сон. Го зајакнуваат имунитетот и ја регулираат тежината. Индиските ореви се одлични за сузбивање на симптомите на метаболичкиот синдром, па дури и ако ги немате овие проблеми, тие ви помагаат да одржите добра состојба.

Кикирики

Ова е веројатно најпопуларната закуска на листата, и е богата со витамини и минерали. Ги има сите особини споменати погоре, и поради нејзината дистрибуција почесто е подложена на истражување. Го намалува ризикот од срцеви заболувања. Жените кои консумираат путер од кикирики повеќе од пет пати неделно го намалуваат ризикот од дијабетес тип 2.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП