23 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАИ отказите се дел од Брегзит: Лондонската берза отпушта 250 работници

И отказите се дел од Брегзит: Лондонската берза отпушта 250 работници

Лондонската берза (LSE) објави дека ќе отпушти 250 работници оваа година, како дел од нејзините подготовки за повлекување на Британија од Европската унија.

Одлуката за отпуштања, чија цел е да се остварат годишни заштеди од 30 милиони фунти, ја соопшти новиот директор на берзата Дејвид Швимер, кој ја презеде функцијата во август минатата година, објавија агенциите.

“Многу добро сме подготвени за сите сценарија на Брегзит. Очекуваме дека можностите за раст на меѓународно ниво ќе ги неутрализираат можните неповолни трендови на пазарот во 2019 година”, им рече Швимер на новинарите.

Сепак, Лондонската берза, како што е најавено, нема да може да ја достигне целната профитна маргина за оваа година од околу 55 проценти, со оглед на планираното капитално трошење.

Отказите ќе ги опфатат сите деловни активности и ќе се фокусираат на намалување на двојните работни места, рече Швимер.

“Сите делови од групата, вклучувајќи ги и оние за кои се смета дека се најтешко погодени од Bregzita, како што е клирингот, продолжуваат добро да функционираат, без да ја променат пазарната позиција”, рече директорот.

Пан-европската трговска платформа на Лондонската берза неодамна аплицираше за лиценца за отворање на свој центар во Амстердам, кој, по Брегзит, треба да обезбеди услуги за своите клиенти во ЕУ.

Швимер очекува холандските регулатори во брзо време да го прифатат нивното барање.

“Во случај Велика Британија и ЕУ да постигнат договор за транзициониот период, тргувањето со акциите чии цени се во евра ќе останат во Лондон”, додава тој.

Според денешниот објавен бизнис-извештај, групата ЛСЕ заврши минатата година со зголемување од 15 отсто во оперативната добивка, која достигнала 931 милиони фунти (1,23 милијарди долари), додека вкупните приходи се зголемиле за 9 отсто на 2,14 милијарди фунти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП