26 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОИнфантино: До јуни одлука за СП со 48 репрезентации

Инфантино: До јуни одлука за СП со 48 репрезентации

Претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, рекол дека планот за проширување на Светското првенство во 2022 година во Катар нема да биде усвоен на состанокот што организацијата наредниот месец ќе го одржи на Мајами.

Инфантино не отстапува од својата идеја на Светското првенство во Катар наместо 32, да учествуваат 48 репрезентации.

Првиот човек на ФИФА е оптимист и верува дека планот, на кој се противат членките на Европската фудбалска унија (УЕФА), ќе биде усвоен во јуни.

„Ќе биде многу тешко да се организира првенство во 48 екипи само во Катар. Во исто време геополитичката ситуација во тој регион е комплексна. Ќе мора до јуни да донесеме одлука бидејќи во септември ќе почнат квалификациите“, рекол Инфантино.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП