29 март, 2024
ПочетнаКАРИЕРАОва се најчестите грешки при барањето на работа

Ова се најчестите грешки при барањето на работа

При барањето на работа неколку работи се многу важни:

Лошо напишанo CV

Компаниите дневно добиваат стотина биографии. За вашата да дојде до израз, мора да биде впечатлива. Она што е многу важно е дека не треба едно исто CV да ги испраќате на различни места. Прилагодете ја вашата биографија на компанијата во која се пријавувате за работа. Грешка која исто така може да ви се случи е пријава за работа за која не сте квалификувани, вашите години не се вклопуваат во старосната граница за таа работа и сл.

Лоша стратегија во барањето на работа

Се пријавувате на огласи кои сте ги слушнале на телевизија, радио, во весниците… Ок, повеќето огласи за работа се нудат на овие места. Сепак, подобро е да барате работа преку фамилијата, познаниците или некој друг кој може директно да ве поврзе со работодавецот.

Ако не знаете што сакате…

Повеќето невработени луѓе немаат визија за тоа што би сакале да работат. Не се пријавувајте за работа само за да ја најдете, барајте го она што го сакате и во што сте навистина добри. Многу е важно каква кариера сакате.

Разговор за работа

Многу е важно каков впечаток ќе оставите на разговорот. Важно е да бидете самоуверени, уредни и без трема.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП