25 април, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕЗа развој на плодот во бременоста голем придонес има чоколадото

За развој на плодот во бременоста голем придонес има чоколадото

По триесет грама чоколада дневно во текот на бременоста придонесува за развој на плодот, заклучија канадските научници.

И претходно чоколадата беше препорачувана како добра за здравјето, бидејќи е богата со флавоноиди кои го намалуваат ризикот од кардиоваскуларни болести и го намалуваат нивото на холестерол во крвта. Колку чоколадата е потемна, толку има повеќе флавоноиди.

Претходните научни студии покажаа и дека чоколадата ја намалува и опасноста од преекламсија, односно намален доток на крвта до плодот, поради високиот притисок на мајката.

Тимот канадски научници предводен од Емануел Бужол од универзитетот Лавал во Квебек, следеле 129 идни мајки од првото тримесечје до крајот на бременоста. Го мереле протокот на крв во матката, плацентата и протокот на крв на фетусот (доплер индекс на пулсирањето). Дел од нив добивале по 30 грама чоколада дневно во текот ан 12 седмици, меѓу првото и второто тримесечје од бременоста.

Откриле дека споменатиот индекс е значително подобар со умерено консумирање на чоколадата, многу е поголем отколку што се очекува меѓу општата популација. „Заклучокот упатува на тоа дека чоколадата можеби има и позитивно влијание врз плацентата, како и на растот и развојот на плодот“, вели др Бужол.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП