28 март, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОИкарди бира помеѓу Наполи и Јувентус

Икарди бира помеѓу Наполи и Јувентус

Еден од најдобрите напаѓачи на светот и капитен на италијанскиот калчо гигант Интер, во чиј дрес има постигнато 122 погодоци, Мауро Икарди, пред неколку дена бил понуден на големиот ривал од Серија А, тимот на Јувентус. Ваквата сензационална информација беше пласирана од спортскиот портал “Тутомеркато”.

Аргентинецот веќе подолг период е незадоволен од престојот на “Џузепе Меаца”, а откако пропушти четири натпревари поради “повреда”, најверните фанови на Интер, јасно покажаа дека Икарди и неговата сопруга, Ванда Нара, се најголемиот проблем во соблекувалната и дека клубот мора под итно да се ослободи од неговите услуги.

Таквата информација со задоволство беше прифатена од челниците на Наполи кои веќе го информирале Икарди дека можат да му понудат годишна плата од 9 мил. евра и да му гарантираат дополнителен бонус од 2 мил. евра во зависност од тоа кои трофеии ќе бидат освоени.

Станува збор за понуда која е за 2.5 мил. евра побогата од таа која му ја има понудено Интер за продолжување на актуелниот договор кој е со важност до 2021 година. Доколку се пресели на “Сан Паоло”, Икарди ќе биде втор најскапо платен играч во Серија А, веднаш зад Кристијано Роналдо кој има годишна плата од 30 мил. евра.

Блиските извори до Интер брифираат дека “нероазурите” ќе немаат ништо против доколку Аргентинецот се пресели во редовите на Наполи кој во 2016 година понуди 70 мил. евра за обесштетувањето на Икарди.

Само неколку дена подоцна откако Наполи го продаде Гонзало Игуаин на Јувентус за 94 мил. евра, “азурите” испратија официјална понуда за Икарди од 70 мил. евра која експресно беше одбиена.

Сопругата на Икарди постигна договор со челниците на Наполи околу годишната плата од 6.8 мил. евра, но трансферот пропадна поради побараното обесштетување од 100 мил. евра.

Моментално, ослободителната клаузула во договорот на Икарди изнесува 110 мил. евра, а таква сума може да си дозволи само актуелниот шампион Јувентус. Генералниот менаџер на “старата дама”, Фабио Паратичи, потврди дека ја има информирано Ванда Нарда дека Јуве е заинтересиран за услугите на Икарди. Кога се во прашање клубовите кои не се натпреваруваат во Серија А, најголем интерес за услугите на Аргентинецот покажа лондонскиот премиерлигаш Челзи, но тимот од “Стемфорд Бриџ” пред неколку дена доби суспензија од ФИФА и нема право да купува нови играчи во следните два преодни рока.

Италијанските медиуми открија дека постојат четири причини поради кои Интер ќе седне на преговарачката маса со вечниот ривал Јувентус. Незадоволството на Икарди, огорченоста на најверните фанови, недостатокот на интерес од странските клубови и клаузулата од 110 мил. евра, се повеќе од доволна причина за продажба на Икарди кој пак никогаш не криел дека сака еден ден да го облече и дресот на шпанскиот гигант Реал (М).

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП