24 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОМарсело се договорил со Јуве, „Старата дама“ го мерка и Родригез

Марсело се договорил со Јуве, „Старата дама“ го мерка и Родригез

Според последните информации кои пристигнуваат од Шпанија и Италија, „Старата дама“ од следната сезона ќе се засили со уште двајца играчи на Реал Мадрид, по Кристијано Роналдо и Кедира. Станува збор за Марсело и Хамес Родригез кој оваа сезона настапува како позајмен играч во Баерн Минхен.

Марсело, левиот бек на Реал Мадрид, ги договорил сите услови и по завршувањето на сезоната, ќе потпише договор со Јувентус. Ова го тврди менаџерот на фудбалерот на Ајакс, Николас Таљафико, Рикардо Шлипер.

Бразилецот зад себе има лоша сезона, а во последно време нема добра комуникација ниту со тренерот Сантијаго Солари. Јасно е дека Марселона ќе замине од Реал, а на неговото место клубот ќе се обиде да го ангажира Аргентинецот Таљафико.

Како што тврди менаџерот на фудбалерот, Реал веќе воспоставиле контакт.

„Ексклузивно можам да ви кажам дека Марсело е нов играч на Јувентус, договорена е целата работа. Ми се јавија од Реал, побара да ги почнеме преговорите за Николас бидејќи по завршувањето на сезоната, ќе им треба лев бек. Марселона решил да замина и јасно е дека Роналдо го наговорил“, рекол Шлипер.

Тековната сезона е 12 за Марсело во дресот на Реал.

Хамес Родригез бил означен како потенцијално засилување за Јувентус во почетниот преоден рок. Колумбиецот е играч на Реал Мадрид, кој е позајмен во Баерн Минхен.

Германскиот великан има опција да го откупи договорот на Родригез од Реал за 42 милиона евра. Доколку од Баерн не ја активираат клаузулата, тогаш тој по завршувањето на сезоната, ќе мора да се врати во Мадрид, а Јувентус ќе може да ги почне преговорите.

Родригез, за разлика од минатата сезона, во тековната не е стандарден во тимот на Баерн. Неговиот статус се смени кога на тренерската позиција стапи Нико Ковач, што значи дека голема е веројатноста Баерн да се откаже од можноста да го откупи овој играч од Реал.

На трансферот во Јувентус наводно инсистирал и менаџерот на фудбалерот, Жорж Мендеш, со кого клупските челници имаат добра соработка.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП