8 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАМакедонија бележи пад од 12 места во рангирањето на најздрави нации

Македонија бележи пад од 12 места во рангирањето на најздрави нации

Шпанија ја надмина Италија како најздрава нација во светот, според овогодинешниот индекс на „Bloomberg“ кој рангира 169 земји врз основа на различни фактори кои придонесуваат за нивната севкупна здравствена состојба.

Вкупно шест од првите 10 држави во рангирањето се во Европа, а Италија го зазема второто место. САД дури и не влегуваат во Топ 30, на 35-то место, со пад од едно место во споредба со претходното рангирање.

Другите четири европски земји кои се наоѓаат меѓу првите десет се Исланд (трето место), Швајцарија (петто), Шведска (шесто) и Норвешка (осмо).

Јапонија е здравата азиска држава, па земјата отскокнува со три места на листата – до четвртата позиција, каде го заменува Сингапур, која отстапува до осмото место. Австралија и Израел ги сочинуваат првите десет на седмото и десеттото место.

Македонија е рангирана на 56-то место во овогодинешниот пласман. Нашата земја бележи пад од 12 места во споредба со претходното рангирање од 2017-та година, кога беше на 44-та позиција.

Земјите од под-сахарска Африка заземаат 27 од првите 30 во рангирањето. Хаити, Авганистан и Јемен се исто така на дното на листата.

За изготвување на индексот од „Bloomberg“ користат неколку фактори, меѓу кои и животниот век, додека во исто време даваат казнени поени за фактори кои кријат опасности за здравјето, како прекумерна тежина и цигарите.

Исто така, се земаат предвид факторите на животната средина, како што се пристапот до чиста вода и канализација.

Шпанија може да се пофали со најголем животен век при раѓање во Европа и заостанува само по Јапонија и Швајцарија на глобално ниво. До 2040-та година се очекува Шпанија да го има најдолгиот животен век во светот – речиси 86 години, а по неа ќе бидат Јапонија, Сингапур и Швајцарија, според Вашингтонскиот универзитет.

Навики за јадење

Научниците тврдат дека прехранбените навики се причината за доброто здравје на жителите на Шпанија и Италија, бидејќи „Медитеранската исхрана, дополнета со маслиново масло и ореви, води до помалку сериозни кардиоваскуларни болести, отколку што се припишуваат на хранливите режими со мало конзумирање на масти, покажува истражувањето на Медицинскиот факултет на Универзитетот во Навара.

Канада е највисоко рангирана земја во Северна Америка, таа е на 16-то место во вкупниот пласман. Со тоа ги надмина САД и Мексико, кои се повлекоа со неколку позиции – на 35-то и 53-то.

Куба е рангирана на 30-тото место, единствената земја која не е класифицирана како земја со „високи примања“ од Светската банка, која има таква водечка позиција во индексот.

Една од причините за ова може да биде фокусирањето на Куба за спречување на болести, а не на дијагностицирање и лекување, како на пример во САД.

Јужна Кореја се искачи на седум места во рангирањето на 17-то, додека Кина, која има 1,4 милијарди жители, се движи три места напред на 52-ро место. За некои проценки, животниот век на Кина ќе е пред САД до 2040-та година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП