По долгорочно размислување во „Jaguar“ одлучија да кажат „не“ на проектот за комерцијализација на наследникот на „XJ220“. Сепак се чини дека Британците не сакаат автомобилот во целост да биде заборавен.

„C-X75“ е еден од највпечатливите модели на „Jaguar“ кој беше претставен во последните десет години, а причината е едноставна , суперавтомобилскиот концепт има револуционерен погон со четири електромотори и две турбини.

Кога успеаа да привлечат и повеќе од доволното внимание во „Jaguar“ заклучија дека комерцијализацијата на ваквиот модел е прескапа, а потоа наместо турбина во автомобилот поставиле четирицилиндричен мотор велејќи дека хибридниот пакет би чинел околу милион долари.

Колку и да е софистицирана технологијата, толку пари за модел со четири цилиндри не импресионираше никого, па во компанијата одлучија да го згаснат проектот.
Сепак „Jaguar“ направи пет прототипни примероци од „C-X75“. Три ќе останат во нивна сопственост, а два ќе бидат продадени за засега непозната цена.