29 март, 2024
ПочетнаКОМПАНИИQualcomm инсистира на забрана за увоз на iPhone во САД

Qualcomm инсистира на забрана за увоз на iPhone во САД

Американскиот производител на чипови „Qualcomm“ ги повикува американските трговски регулатори да се откажат од одлуката на судот од пониска инстанца и да го забранат увозот на „iPhone“ на „Apple“ во позадина на долго континуираната патeнтна битка меѓу двете компании, пренесува „Ројтерс“.

„Qualcomm“ сака слична забрана, надевајќи се дека ќе нанесе удар врз „Apple“ пред главниот претрес во средината на април во Сан Диего, во врска со лиценцирање на патентните практики на „Qualcomm“.

Производителот на чипови се обидува да примени притисок врз „Apple“ преку помали правни дејствија пред распоредувањето на случајот и постигна делумна забрана за „iPhone“ во Кина и Германија, што го принуди производителот на „iPhone“ да испорачува телефони со чипови на „Qualcomm“ само на некои пазари.

Секоја потeнциална забрана на увозот на „iPhone“ во САД може да кратковремена, бидејќи минатата недела „Apple“ објави дека открила начин како да го поправи софтверот, па да го избегне нарушувањето на еден од патентите на „Qualcomm“. Компанијата „Apple“ побара од регулаторите да и дадат 6 месеци за да докаже дека промените функционираат.

„Qualcomm“ однесе случајот со „Apple“ до Меѓународната трговска комисија на САД (ITC) и упати обвинувања дека некои модели на „iPhone“ ги прекршуваат патентите на „Qualcomm“, кои помагаат на смартфоните да работат добро, без брзо да се трошат батериите. „Qualcomm“ побара забрана за увоз, вклучувајќи и некои од старите телефони кои користат чипови на „Intel“.

Во септември, Томас Пендер, административен судија на „ITC“, изјави дека „Apple“ има повредено еден од патентите во случајот, но одбил да издаде забрана. Пендер посочи дека забраната на „iPhone“ со чип на „Intel“ ќе го претвори „Qualcomm“ во реален монопол на американскиот пазар на модем чипови кои ги поврзуваат смартфоните со безжичните мрежи.

Во изјавата на Пендар се вели дека заштитата на конкуренцијата на пазарот на модемски чипови е во јавен интерес, откако побрзите „5G“ мрежи ќе влезат во употреба во следните неколку години.

Случаи во кои „ITC“ ги открива патентните прекршувања, но не го забранува увозот на производи, се ретки. Во декември, „ITC“ соопшти дека ќе ја разгледа одлуката на Пендер и ќе одлучи дали ќе ја задржи до крајот на март.

Во документи кои станаа јавни кон крајот на минатата година, пред одлуката на целата комисија, „Apple“ за првпат открива дека има развиено можност за поправка на софтверот за да избегне нарушување патентот на „Qualcomm“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП