27 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКако Берлин и Париз сакаат да создадат индустриски шампиони?

Како Берлин и Париз сакаат да создадат индустриски шампиони?

Со заедничка индустриска стратегија Германија и Франција планираат да ја спречат можноста да заостанат во сферата на клучните технологии, како „АI“ и производството на батерии.

„Мораме да ги здружиме силите“, изјави сојузниот министер за економија Петер Алтмајер по средбата со францускиот колега Бруно ле Мер во Берлин. Таму двајцата министри претставија „манифест“ за индустриската политика. Планирана е и реформа на конкурентското право на ЕУ. Претходните правила се „застарени“, тврди Ле Мер. Станува збор за формирањето на „европски шампиони“ по образец на производителот на авиони „Airbus“, појаснува тој.

Основа за плановите е неуспешното спојување на „Siemens“ и неговиот француски ривал, „Alstom“, поради загриженоста на претставниците на ЕУ за конкуренција. Оваа одлука на ЕК наиде на сериозни критики во Берлин и Париз. Како одговор, Алтмајер и Ле Мер нудат еден вид право на вето за Европскиот совет на шефовите на држави и влади на ЕУ. Во некои случаи, тие треба да бидат способни да ги укинат одлуките на Европската комисија.

Во француско-германскиот заеднички предлог објавен во вторникот, двете држави исто така понудија да бидат ажурирани сегашните основни рамки за обединување, земајќи ги во предвид во поголема мера конкуренцијата на светско ниво, а не толку на европско.

Претходно и германскиот канцелар Ангела Меркел изјави дека на Европа треба да и се наметне да ги промени правилата за конкурентност, ако сака да создаде компании кои ќе играат значајна улога на светската сцена. Коментарите на Меркел во рамките на конференција за дигиталниот бизнис во Берлин се случуија две недели откако антимонополските власти на ЕУ го блокираа договорот за создавање на гигант во секторот на опрема за железница, кој би можел да се натпреварува со Кина.

Според министрите за економија, само 5 од 40-те најголеми корпорации во светот во моментов се во Европа. Во нивниот извештај, меѓу другото, предлагаат да се поддржат високотехнолошките компании со Фонд на Заедницата. Покрај тоа, клучните иновации треба да бидат конкретно охрабрени, а клучните индустрии треба да бидат заштитени. Економската моќ на Европа во текот на следните децении ќе зависи од тоа да остане глобална и индустриска сила, велат Алтмајер и Ле Мер. За таа цел, до 2030-та година е потребна индустриска стратегија со јасни цели. Повеќе инвестиции се потребни за истражување и развој на нови технологии, убедени се двајцата министри.

Како прв чекор, се планира заедничка изградба на батерии за електрични автомобили. Во оваа област, европските производители на автомобили се под закани дека ќе зависат од корпорациите од Кина и Јужна Кореја. Во текот на следните неколку недели, мора да се донесе конкретна одлука за формирање на конзорциум, рече Алтмајер. Во моментов, не е планирано никакво вклучување на државата. Меѓутоа, Германија и Франција имаат намера да го поддржат развојот на заедничката фабрика за батерии со вкупно 1,7 милијарди евра.

Кои компании ќе учествуваат во конзорциумот засега не е познато, објаснува германскиот министер. Но, тој и Ле Мер веќе рекоа дека ги поканија европските партнери, како Шведска, Австрија и Полска, за да учествуваат во нивната иницијатива. Сепак, дефинитивно таа ќе остане под германско-француско раководство.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП