6 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАДали сте слушнале за "Made In China 2025"? Ќе слушнете...

Дали сте слушнале за “Made In China 2025”? Ќе слушнете…

Настојувајќи да стане доминантна сила во глобалното high-tech производство, кинеската влада го лансираше она што се нарекува “Made In China 2025”. Со користење на субвенции, мобилизирање претпријатија во државна сопственост и стекнување интелектуална сопственост, програмата има за цел да ги достигне, а потоа да ги надмине западните технолошки гиганти во напредните индустрии, пишува Ана Кучиркова за IQS Directory.

Сепак, Вашингтон тврди дека политиката се потпира на дискриминаторски третман на странски инвестиции, трансфер на технологија, кражба на интелектуална сопственост и сајбер шпионажа, меѓу другото. Ова доведе до заострување на надзорот над странските инвестиции, интензивирање на дебатата околу тоа како најдобро да се одговори на однесувањето на Кина.

Што точно е “Made In China 2025”?

Претседателот на Кина, Кси Џинпинг, е силата која стои зад “Made in China 2025”. “Made In China 2025” е план, Кина да се трансформира во високотехнолошки центар, доминирајќи во напредните технологии. Кина сака да биде лидер во индустриите како што се роботиката, напредната информатичка технологија, авијацијата и новите енергетски возила.

На прв поглед, ова има смисла во контекст на траекторијата на Кина. Тие сакаат да се оддалечат од трудоинтензивните индустрии и да се искачат на синџирот на додадена вредност, бидејќи платите се зголемуваат за да се избегне паѓање во замката со “среден приход”. “Made In China 2025” е базиран на “Industry 4.0”, германски концепт кој се покажа како напреден во технологијата на безжични сензори и роботика, заедно со интернетот, може да продуцира значителни придобивки во производството, ефикасноста и прецизноста.

Критичарите на иницијативата се загрижени дека намерата на Кина со “Made in China 2025” е не само да се приклучи на редовите на високотехнолошки економии како Германија, САД и Јапонија, туку целосно да ги замени. “Made In China 2025” сака да стане производствена суперсила која ќе доминира на глобалниот пазар во критичните високо-технолошки индустрии. Тоа ги покренува прашањата за земјите што се потпираат на извозот на високотехнолошки производи.

Стратешкиот план за “Made In China 2025”

За да се реализира планот, постојат пет принципи и пет главни задачи кои се фокусираат на подобрување на 10-те клучни производни сектори.

Клучни принципи

-Иновација
-Квалитетот во прв план
-Еколошки
-Оптимизација на структурата
-Развој на таленти

Главни задачи

-Изградете национален иновативен центар
-Зајакнување на индустриската база
-Подобрување на интелигентното производство
-Промовирање на зеленото производство
-Користење опрема од висока класа

Планот, исто така, нагласува 10 клучни индустрии, од кои некои веќе е зборувано за нив. Целосната листа вклучува:

Роботика. Роботиката ќе снабдува 70 отсто од домашниот пазар. Една до две компании да се рангираат меѓу првите пет во светот.

Воздухопловна и воздушна опрема. Домашно произведени комерцијални авиони и регионални авиони за снабдување до 20 проценти од меѓународниот пазар. Прототип на голем авионски мотор.

Железнички транспорт. Кина ќе го окупира глобалниот железнички сообраќај.

Енергетска опрема. Кина има за цел да достигне глобално напредно ниво во производството на термална енергија, хидроенергија и опрема за нуклеарна енергија. Преносот на електрична енергија да достигне три трилиони јуани.

Нови материјали. Производството на основни материјали од домашно производство треба да задоволат 90 проценти од локалната побарувачка.

Нова генерација на информатичка технологија. Неколку компании стануваат најголеми на меѓународно ниво. Домашно произведената опрема за мобилни комуникации е 80 отсто, а и побарувачката на меѓународниот пазар е респектибилна.

Поморска опрема и високотехнолошки бродови. Кина ќе има повеќе од пет светски реномирани компании за производство. Поморска опрема за снабдување на 40 отсто од меѓународниот пазар.

Нова енергија и енергетски штедливи возила. Кина има за цел да извезува 20 отсто од сите комерцијални возила и да има три компании кои ќе бидат рангирани во првите пет по продажба на меѓународно ниво.

Опрема за земјоделство. Индустриското производство има за цел да достигне 800 милијарди јуани, а Кина ќе стане најголем производител на земјоделски производи во светот. Автоматизирани технологии и опрема за достигнување на напредни меѓународни стандарди.

Високо-технолошки медицински помагала. Развој на иновативна биофарма и производство за да ги достигнат меѓународните стандарди. Комерцијализација на иновативни хемиски лекови.

Стоката која традиционално се поврзува со “Made In China 2025”

За многу луѓе, особено оние на западот, етикетата “Made in China” стана синоним за ниски трошоци и низок квалитет. Имаше едно време кога луѓето уживаа во производите од Кина. Тие ги гледале производите произведени во Кина како единствени, квалитетни производи и со културна вредност.

Потоа Кина стана светска фабрика и произведуваше безброј предмети за безброј брендови. Кога тоа се случи, луѓето почнаа да ги менуваат своите ставови. Оваа промена се должи на комбинација од искуството на потрошувачите и влијанието на медиумското покривање поврзано со кинеските производи.

Ако немате лично или директно искуство со одредена земја, медиумите ќе го диктираат вашето мислење. Ако прочитате многу негативни статии, тоа води до негативна перцепција. Затоа луѓето почнаа да ги гледаат работите означени “Made in China” како евтини и со низок квалитет, наместо единствени и со културна вредност.

Иницијативата “Made in China 2025” има за цел да ја отстрани оваа етикета со удел во високотехнолошките индустрии контролирани од западните сили.

Дали “Made in China 2025” е закана за глобалната трговија?

Дали желбата на Кина да стане високотехнолошки центар претставува закана за глобалниот пазар? Нејзините критичари ќе одговорат со “да”. Има загриженост дека амбицијата на Кина за контрола на целиот синџир на набавки значи дека целата индустрија би можела да дојде под контрола на ривалската геополитичка моќ.

Индустријата со кобалт е одличен пример за ова. Кобалтот е најпотребен во најсовремената електроника, и ако Кина треба да го контролира целиот синџир на снабдување, тоа би можело да предизвика проблеми.

Критичарите, исто така, се загрижени дека Кина ги искривува глобалните пазари преку приоретизирање на политичките размислувања за економските стимулации. Во март 2018 година, истрагата на администрацијата на Трамп, заклучи дека активностите на Кина се “неразумни и дискриминаторски”.

“Made in China 2025” предизвика гнев кај Трамп

Едноставно, тоа е затоа што ќе ја стави Кина во директна конкуренција со САД. Затоа Трамп експлицитно изјави дека предложените тарифи на САД се дизајнирани да ја попречат програмата “Made in China 2025” .

Оваа стратегија најверојатно нема да биде ефикасна и ризиците ќе ги поткопуваат, наместо да го поттикнат производството во САД. Поголемиот дел од напредните индустрии во “Made in China 2025” се уште се во развој и сеуште не извезуваат во САД.

На пример, Кина сака да ја развие својата воздухопловна индустрија, но сѐ уште е далеку од натпреварување со Боинг. За сега, Кина останува голем купувач на авиони Боинг.

Зошто сите го мразат “Made in China 2025” ?

Земјите се плашат од квотите кои Кина ги воспоставува, ги крши правилата на СТО против замената на технологијата.”Made in China 2025″ поставува цели за постигнување на 70% самозадоволување во основни компоненти и основни материјали до 2025 година. Тоа би можело да ги уништи земјите како Јужна Кореја и Германија, кои се многу зависни од извозот на висока технологија.

Обично овие синџири на снабдување се протегаат низ многу граници, со високо специјализирани компоненти кои често се произведуваат во една земја и се модифицирани или собрани некаде на друго место. Сепак, Кина има намера да го апсорбира целиот глобален високотехнолошки синџир на снабдување преку субвенционирање на домашната индустрија и меркантилистички индустриски политики.

Зошто “Made in China 2025” ќе успее, и покрај Трамп?

Причината зошто “Made in China 2025” ќе успее може да се најде на било кој кат од фабриките во Кина. Во фабриките каде што некогаш работеле море од работници, сега снемуваат кандидати за работните места. Зголемувањето на трошоците за работна сила и новата генерација со мал интерес за работа во фабриките ја принудуваат оваа промена.

Сега морето на работници се заменува со машини, каде секоја работа ја изведува од 15 чекори до 26 чекори за да ја заврши. Тоа ви кажува дека иницијативата “Made in China 2025” не е само нешто што се наметнува од кинеските власти. Наместо тоа, се турка од дното на нагоре. Бизнисите и градовите низ Кина знаат дека мора да се модернизираат или да пропаднат.

Модернизацијата не може да се случи до 2025 година. Може да биде подолго од тоа. Но Кина ќе стигне таму, бидејќи мора.

90-дневно трговско примирје

За борбата против “Made in China 2025”, администрацијата на Трамп воспостави серија тарифи против Кина. Во моментов се во средината на 90-дневно трговско примирје. Сепак, претседателот посочи дали има добри, цврсти движења и добра акција, можеби би сакал да ги продолжи 90-те денови.

Трговските разговори во моментов се движат во позитивна насока, но мудро е сеуште да не се буди оптимизам. Не брзајте со некакви заклучоци, и почекајте за момент.

Како и повеќето работи, особено во политиката и глобалната трговија, ништо не е навистина црно-бело кога се однесува на “Made in China 2025”. Од една гледна точка, желбата на една нација е да продолжи со напредувањето во технологијата и да ги искористи придобивките. Земји како Германија и Јапонија направија слични работи пред Кина да го стави овој план.

Од друга страна, изгледа дека Кина сака да стави рака на одредени индустрии на глобалниот пазар. Со постигнувањето на некои од целите поставени во “Made in China 2025”, неколку други земји ќе бидат ставени во тешка положба.

Со отпорот на САД и другите земји кои внимаваат на настаните, времето ќе покаже само што ќе се случи со “Made In China 2025”.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП